Home Живот Мајка ми ја плати мојата свадба, а после 9 месеци му роди...

Мајка ми ја плати мојата свадба, а после 9 месеци му роди дете на маж ми – никогаш нема да ѝ простам

“Мајка ми плати 15 000 фунти за мојата свадба од соништата… а потоа дознав дека има бебе од мојот маж” – ќерката (34) раскажува како мајка ѝ (53) ја повредила и ѝ го скршила срцето, имајќи афера со нејзиниот избраник, сега бивши сопруг (35).

Ова е жената која го изгуби својот маж, кој и го презеде сопствената мајка и на која никогаш нема да ѝ прости за стореното.

Loading...

Лорен Вол, која сега има 34 години, од Твикенхам, југозападен Лондон, се омажила за аеродромскиот работник Пол Вајт кога имала само 19 години.

Нејзината мајка Џули, која сега има 53 години, платила 15 000 фунти за венчавката, а благодарната Лорен ја понела со себе на двоседмичниот меден месец во Девон.

Осум седмици подоцна, сопругот Пол се иселил, а девет месеци подоцна, нејзината мајка Џули го родила своето дете најавувајќи дека е во врска со Пол.

“Пол секогаш добро се снаоѓаше и ме мамеше со мајка ми. Никогаш не се посомневав дека нешто се случува помеѓу нив двајца, бидејќи таа му беше “баба” и тие само се дружеа и се согласуваа добро” – изјавила очајната Лорен.

„Додека беа заедно многу се смееја и се забавуваа. Тоа воопшто не ме загрижуваше, ниту ме натера да се сомневам.

Кој би се посомневал во сопствената мајка? Тие воопшто не чекаа…мастилото од нашиот брак не беше исушено, кога Пол стапи со нејзе во брак”.

Лорен првпат се посомневала кога Пол почнал да го крие мобилниот од нејзе. А сомневањата и ги потврдила нејзината сестра, кога случајно го користела телефонот од мајка си, па налетала на нивните пораки.

Секако, кога се соочила со мајка си, таа негирала, па дури и ја направила луда што се посомневала во такво нешто.

“Кога се соочив со Пол, тој пребледе како чаршавите и одби да ми дозволи да го видам неговиот телефон.”

Само неколку дена подоцна, Пол го извадил венчалниот прстен и ја напуштил Лорен и нивната 7-месечна ќерка.

Кога слушнала дека тој се преселил кај нејзината мајка да живеат заедно, таа едвај можела да си дојде на себеси, бидејќи двајцата луѓе што ги сакала најмногу во светот, ѝ го направиле ова.

“Тоа е нездрава работа. Тоа е нешто најлошото што може една мајка да ѝ го направи на својата ќерка. Можеби сум направила лош избор на младоженец, но таа ми е мајка и би требало да ме сака и да ме заштитува.

Лорен која е менаџер за развој на бизнисот го запознала Пол кога имала 18 години: „Го запознав во еден локален паб – веднаш бев фасцинирана од него.

„Тој го побара мојот број и следниот ден предложи да одиме во кино. После тоа започнавме да излегуваме.”

Таа брзо забременила, а нивната ќерка се родила во март 2004 година. Парот се веначе за кратко време подоцна.

„Пет месеци подоцна се венчавме во една убава црковна церемонија со пријателите и семејството. Мама гордо ме гледаше додека си разменувавме завети.

„Тој ми рече дека сака да биде со мене засекогаш“- се сеќава Лорен. Откако Пол ја напуштил, набрзо слушнала гласини дека тој живее со нејзината мајка, а луѓето ги гледале заедно како се шетаат по улици. Мајка и очигледно била бремена.

Еден ден и самата ја сретнала на улица и кога ја видела со зголемен стомак, мајка и ја излажала дека има циста.
“Се чувствував поразено, отидов дома и ги уништив сите фотографии од нашата свадба.

Тогаш побарала развод. Во јули 2005 година, девет месеци откако ја напуштил Пол, мајката на Лорен, Џули, го родила своето бебе.

„Таа се обиде да излаже дека таткото е некој друг, но јас ја знаев вистината. Пол и мајка ми официјално објавија дека се па лето и мојот свет се распадна”.

Пет години после бракот со Лорен, Пол се оженил со Џули. Мајка ми постојано се јавуваше и ме канеше на свадбата. Тоа беше многу болно за мене. И нездраво. Нашата свадба беше на 14 август 2004 година, а нивната на 15 август 2009 година. Нездрава работа.

Сепак, на инсистирање на ќерка ми отидов на нивната свадба. Беше многу тешко да се поднесе, но тоа го направив за ќерка ми.

Потоа таа се обидуваше да ми се извини и да воспостави контакт со мене. Но јас никогаш нема да и простам за тоа што ми го направи. Еднаш, додека го оставав брат ми кај неа пред куќа, таа ми влезе во автомобилот и почна да плаче и да се извинува. И реков да излезе.

Подоцна ми напиша и писмо со извинување. Ако сум и прозборила, тоа не значи дека сум и простила. Пол никогаш не ми се извини ниту покажа каење за тоа што го сторил.

Еднаш го прашав како ќе и објасниме на нашата ќерка за ова што се случи? Тој само ми одговори – сè е веќе заборавено, како ништо да не се случило.

Лорен неодамна најде нов партнер и сега е среќно бремена со своето четврто дете, но вели дека тоа што се случи ќе и биде поука за цел живот.

Времето е одличен исцелител и се обидов со мајка ми повторно да имам нормална врска. Но, никогаш повеќе нема да и верувам.

Џули, нејзината мајка, за медиумите излави дека таа сè уште е во брак со нејзиниот поранешен зет и дека немаат афери.

“Ние сме во брак и тоа е тоа”. Пол, кој сега има 35 години, одби да коментира.

И.П.

Loading...