Home Вести Македонија Ни помалку ни повеќе – главен конкурент вечерва на Атиџе ќе и...

Ни помалку ни повеќе – главен конкурент вечерва на Атиџе ќе и биде поранешниот Претседател на Америка – Обама

Оваа ноќ ќе биде историска за љубителите на филмот во Македонија, за културата, но и за целата нација.

За прв пат од постоењето на нашата држава, можеби ќе бидеме сведоци на добивање оскар, најпрестижната награда во светската кинематографија.

Холивуд и Лос Анѓелес традиционално се домаќини на најпрестижното натпреварување.

Годинава, покрај целата светска филмска елита, по црвениот тепи ќе прошета и Атиџе Муратова од селото Бекирлија, Штипско.

Веќе славната ,,медарка”, денес се потпиша на постерот од филмот во Холивуд, вчера и гледаше на кафе на славната актерка,  Сара Џесика Паркер, едноставно, Атиџе е ѕвезда во Холивуд.

Интересно е да се спомене кој е главниот конкурент на Атиџе и филмот ,,Медена земја” при вечерашното доделување на Оскарите.

Ни повеќе ни помалку, тоа е филмот ,,Американска фабрика”, во продукција на куќата на поранешниот Американски Претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел.

Останува да видиме дали ќе победи можното влијание на поранешниот Претседател, секако и неспорниот квалитет на ,,Американска фабрика”, или документарецот од Македонија, кој со скромен буџет успеа да влезе во самиот кинематографски светски врв и можеби да им ги помати сметките.

Како и да биде, ние веќе добивме Оскар. Нашиот Оскар, нашата ѕвезда која сјае е Атиџе Муратова!