Home Живот Тања Царовска: Не е Атиџе родена да ви ги чисти нужниците, дебелогзци...

Тања Царовска: Не е Атиџе родена да ви ги чисти нужниците, дебелогзци едни

Статус на Тања Царовска:

,,Атиџе како хигиеничарка ќе сте ја вработеле. Сте ја слушнале ли како пее? Или не ви е доволно згодна и разголена како “пејачките” што вас ви се допаѓаат?

Совршено прецизна тоналност, музикалност повеќе од многу што ги викате естрадни ѕвезди, глас како славејче, ведрина и веселост наместо вообичаените крутости и чалами на кои сте навикнати.

Поднебјето на вашата северна е бедно и ужасно за талентирани музичари, особено жени. До толку се игнорирани и маргинализирани што секогаш се откажуваат предвреме од музиката и бараат други начин за преживување.

Па Мирвет Беловска бре цел живот беше чистачка во јавно претпријатие, така и се пензионира.

Вања Лазарова заврши во старски дом потполно заборавена (се покрена акција – ние луѓето, на фејзбук- да и се даде признание за култура кога случајно налетаа на неа при тв прилог за старскиот дом).

Не беше Атиџе родена да ви ги чисти нужниците, дебелог’зци клапнати во удобни фотелји.

Од фотеља на скара сте, од скара на фотеља. Такви ко вас треба да чистат тоалети ако има некогаш правда!

Среќно вечер, Атиџе! (Да си останеш таму и да пееш ти е најарно, да не им се враќаш ич на имбециливе)”