Home Вести Свет Филмот ,,Паразит” победник на Оскарите – зеде три статуетки, а ова се...

Филмот ,,Паразит” победник на Оскарите – зеде три статуетки, а ова се останатите победници

На 92-та церемонија на доделувањето на Оскарите во Лос Анџелес, беа доделени статуетки во 24 категории. Годинава, Оскарите повторно немаа водител, а меѓу презентерите беа Џејн Фонда, Том Хенкс, Спајк ли, Реџина Кинг, Натали Портман, Џејн Фонда, Сигурни Вивер, Марк Рафало, Стивен Спилберг, Спајк Ли, Оливија Колман.

Од музичките везди настапија Еминем, Вил Фарел, Елтон Џон, а годинава за првпат номинираните филмски музички теми оркестарот ги свиреше под раководство на енски диригент.

Македонскиот документарец „Медена земја“ доби две номинации, за најдобар документарен филм и за најдобар странски филм.

Во категорија „Најдобар документарен филм“ во конкуренција беа „Американска фабрика“ (American factory) во режија на Џулија Раичерт и Стивен Богнар, „The Cave“ (Пештерата) во режија на Ферас Фајарт, „На работ на демократијата“ (The edge of democracy) во режија на Петра Коста, „За Сама“ (For Sama) во режија на Вад Ал – Катиб, Едвард Ватс, „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Тамара Котеска и Љубо Стефанов, а Оскарот го доби „Американска фабрика“.

За „Најдобар странски филм“ од номинираните „Корпус Кристи“ (Corpus Christi) во режија на Јан Комаса, „Медена земја“ (Honeyland) во режија на Тамара Котеска и Љубо Стефанов, „Клетници“ (Les Miserables) во режија на Лаџ Лу, „Болка и слава“ (Pain and Glory) во режија на Педро Алмодовар и „Паразит“ (Parasite) во режија на Бонг Џун Хо, кој собра три Оскари.

Категоријата „Најдобар филм“ беше врвот на Оскарите во која се натпреваруваа „Форд V Ферари“- (Ford V Ferari), „Ирецот“ – (The Irishman), „Зајакот Џоџо“ – (Jojo Rabbit), „Џокер“ – (Joker), „Малите жени“- (Little Women), „Брачна приказна“ – (Marriage Story), „1917“ (1917) „Си беше еднаш во Холивуд“ – (Once upon a time in Hollywood), „Паразит“ – (Parasite), а за најдобар филм е прогласен „Паразит“ и ова е првпат странски филм да добие Оскар за најдобар филм.

Во категоријата „Најдобра женска главна улога“: Оскарот отиде во рацете на Рене Зелвегер за улогата во „Џуди“ (Judy), на која ова и е втор Оскар и зад себе има четири номинации.

Кај машките за „Најдобра машка главна улога“ е прогласен Хоакин Феникс за улогата во „Џокер“ (Joker), кој Оскарот го добива по четири номинации.

За „Најдобра машка споредна улога“, Оскарот го доби Бред Пит за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“ (Once upon a time in Hollywood), кој конечно дочека по седум номинации да влезе во оскаровската елита.

„Најдобра женска споредна улога“ имаше Лаура Дерн за улогата во „Брачна приказна“ (Marriage Story) на која ова и е прв Оскар, по три номинации, на која ова и е најубавиот роденденски подарок.

Оскарот за „најдобар режисер“ отиде заслужено кај Бонг Џун Хо за „Паразит“ (Parasite), кој дома заминува со четири Оскари.

За „Најдобар анимиран филм“ е прогласен „Приказната на играчките 4“ (Тoy Story 4), a „Најдобар краток анимиран филм“ е „Љубов кон косата“ (Love Hair) од Метју А. Чери кои наградата ја посветија на трагично починатиот кошаркар Коби Брајант.

За „Најдобро адаптирано сценарио“ е прогласено сценариото на филмот „Зајакот Џоџо“ – (Jojo Rabbit) – Таика Вајтити, а „Најдобро оригинално сценарио“ имаше „Паразит“ (Parasite) – Бонг Џун Хо, кој се обрати на мајчин јазик и се заблагодари на целата екипа.

Оскарот за „Најдобра кинематографија замина кај Роџер Дикинс за филмот „1917“.

Во категорија „Најдобар краток документарен филм“ победи „Учење на скејтање во воена зона“ (Learning how to skate in a Warzone).

За „Најдобар краток филм“ беше прогласен „Прозорецот на соседите“ (The neighbors window) – Маршал Кари.

„Најдобра филмска монтажа“ имаше филмот „Форд V Ферари“ (Ford V Ferari) – Мајкл Меккаскер, Ендру Бакленд.

Во категорија „Најдобри звучни ефекти“ победи филмот „Форд V Ферари“ (Ford V Ferari) – Дон Силвистер, а „Најдобра монтажа на звук“ имаше филмот „1917“.

За „Најдобра филмска музика“ беше прогласена музиката од филмот „Џокер“ (Joker) на младата композиторка од Исланд Хилдур Гуднадотир, а за „Најдобра филмска песна“ е песната од филмот „Повторно ќе се сакам себеси“ (I’m Gonna Love Me Again) од „Рокетмен“ (Rocketman), биографскиот филм за Елтон Џон, кој и ја доби златната статуетка како автор на музиката.

„Најдобра шминка и фризура“ имаше филмот „Бомби“ (Bombshell), втор Оскар за тимот, а „Најдобри костими, имаше филмот „Малите жени“ (Little Women) и втор Оскар за Џаклин Дуран.

Во категоријата „Најдобри визуелни ефекти“ победи „1917“, втора номинација и втор Оскар за тимот кој работеше на специјалните ефекти.

Традиционално и оваа година бее одадена почит на оние кои го напуштија филмскиот свет минатата година со песната од Битлси „Yesterday“ во изведба на Били Ајлиш.

Годинава за номинираните на Оскарите гласаа 8469 претставници на филмската индустрија.

Сите кои гласаат за номиниран за Оскар се членови на Академијата, со седиште во Лос Анџелес. Тие мора да се „реализирани“ експерти во кинематографијата и се претставници на 17 области на филмската индустрија.

Станува збор за актери, режисери, продуценти, сценаристи, костимографи и разни техничари.

Извор: 24.мк