Home Живот Исповед на Рабинот кој ги поминал последните денови со Кирк Даглас

Исповед на Рабинот кој ги поминал последните денови со Кирк Даглас

Од филмската легенда Кирк Даглас во петокот се простија семејството и пријателите на гробиштата Мемориален парк Вилиџ Вествуд во Лос Анџелес.

Приватниот погреб се оддржа два дена откако актерот почина во својот дом во 104 година. На свечената церемонија присуствуваа неговата сопруга Ен, синовите Мајкл, Џоел и Питер, снаата Кетрин Зета-Џонс, внуците Камерон, Дилан Мајкл, режисерот Стивен Спилберг со семејството и останати блиски пријатели.

Сопругата на Кирк беше уморна од тага додека го испраќале ковчегот во колоната, а зад неа чекорале расплаканиот Мајкл и Кетрин. Тагата ја сокривале под очилата за сонце. Ен и Кирк заедно поминале 65 години брак.

Погребот го водел Рабинот Дејвид Волп кој со Кирк бил пријател 25 години.

– Имав привилегија да му рецитиран на хебрејски покрај неговиот кревет и да му го дадам последното поминување.

Во последните денови беше дома, опкружен со семејството, во куќата полна цвеќе, држејќи се за рака со својата сакана сопруга – рекол Волп.

Инаку веста за упокојувањето на големиот актер, на Инстаграм ја соопшти неговиот наследник, Холивудската легенда, Мајкл Даглас.

Притоа Даглас сподели и семејна фотографија од понов датум на која е собрано целото семејство Даглас.

Денес, после погребот Мајкл Даглас сподели нова фотографија, притоа заблагодарувајќи се на сите кои изразиле сочувство за неговиот татко:

,,Ви благодарам многу за вашите добри и внимателни зборови. Нашето семејство е многу благодарно за вашата поддршка и ја испраќаме нашата љубов на сите!”, напиша Мајкл Даглас.