Home Живот Модерните верници во пост: Не јадат месо, ама ги “јадат” сите околу...

Модерните верници во пост: Не јадат месо, ама ги “јадат” сите околу себе

Последниве дваесетина години и особено последните години, како да стана мода да се држи пост, особено Велигденскиот.

Притоа, многумина не знаат што претставува постот. Конзумираат алкохол, цигари, се расправаат со родителите, партнерите и пријателите, но не јадат храна од животинско потекло и мислат дека тоа е доволно!

Немаат свој духовник, не се исповедани, не се причестуваат, ама постат.

Со оглед на тоа што се наближува Великиот пост, најдолгиот и натешкиот, Велигденскиот, веруваме дека оваа приказна на старецот Гаврил Грузијски ќе помогне да сфатите што постот всушност значи.

Ја пренесува приказната во целост:

“Го прашав старецот Гаврил како да постам. Кога тоа го прашав ме погледна, молчеше некое време, а тогаш ме тргна на страна никој да не слуша.

Ми го раскажа цел мој живот, сите мои гревови кои ги имам направено од детство, како да бил покрај мене.

Бев многу потресен. Запрепастен. Почнав да плачам. Кога се смирив повторно седнав, старецот ме смируваше.

Тогаш донесе некое послужување и рече: “Ајде земи, послужи се.” Вознемирен реков: “Оче, не можам сега ништо да јадам.”

Старецот Гаврил тогаш рече: “Ете дете мое, тоа е пост. Кога ќе ги видиш сите гревови, па од болка не можеш да јадеш.”

Модерните верници заборавија, а многу веројатно не ни слушнале за зборовите и толкувањата на владиката Николај Велимировиќ кој рече дека постот се состои од воздржување од мрсна храна, лоши мисли, лоши дела, како и множење на молитвата, воздигнување на христијанските вредности бидејќи постот не е само телесен туку и духовен.

Постот е владеење со себе. Не станува збор само за храната, за време на постот треба да имаме различно однесување. Ако се пости само со храна, тогаш станува збор за обична диета.

За христијаните душата е поважна од телото, а со храна се пости за да организмот полесно да се прочисти следствено на духовниот пост. Битно е да запаметите три работи доколку сакате да бидете вистински христијанин.

За духовниот пост битно е каењето, молитвата и добрите дела, а за телесен пост избегнување месо, млеко и јајца.

Фото: Илустрација/приватна архива