Home Вести Свет Радувај се Македонијо – Оскар не добивме, но испишавме историја

Радувај се Македонијо – Оскар не добивме, но испишавме историја

Македонија не доби Оскар! За прв пат во историјата на нашата држава, Македонски филм беше номиниран во две категории за Оскар, на најпрестижното светска кинематографска манифестација во Холивуд, Лос Анџелес.

Филмот ,,Медена земја” не успеа, но главната хероина Атиџе, со својата едноставност ги маѓепса присутните на најгламурозниот светски настан. Се прошета по црвениот тепих и беше спремна да го ,,грабне” оскарот. За жал во тоа не успеа.

Подобра афирмација за една држава од културата и спортот нема. Оваа ноќ, целиот свет слушна за Македонија, а во изминатиот период ја виде приказната за Атиџе и нејзините пчели.

Тамара Котевска, Атанас Георгиев, Љубомир Стефанов, Атиџе Муратова, Самир Љума, Рена Еид, Благоја Неделковски и Фејми Даут се нашите херои, нашите амбасадори во светот.

Да се потсетиме дека минатата пролет, Македонија беше исто така многу блиску до едно огромно остварување.

На изборот за песна на Евровизија Тамара беше во конкуренција за победа до самиот крај од натпреварот.

Ви благодариме друштво! Оваа ноќ бевме горди Македонци.