Home Живот Што мајка си ма ти? Си ме родила ама ти не си...

Што мајка си ма ти? Си ме родила ама ти не си мајка – ти си ку чка!

Галама здраво. Ќе ви раскажам за мајка ми, за ку чката. Во телефонскиот разговор ме предупредивте да не користам навредливи зборови, но не можам поинаку да ја наречам освен – ку чка!

Се омажила рано уште на 17 години како бегалка. Знам дека намерно не се вратила дома на време, зошто дедо ми бил строг и немало да ја прими назад.

Кога дошла, тој и рекол- врати се од каде што си дошла! А татко ми ја чекај надвор, таа само се завртела и си заминала со него.

Јас сум првото нејзино дете. Планирам пролетва после Велигден да правам свадба. Но, нема да ви раскажувам за мене, туку за неа, мајка ми, ку чката.

Сум се родил јас, па по две години сестра ми. Тогаш живеевме заедно во иста куќа со баба ми и дедо ми.

Мајка ми посакала да работи само да излегува од дома, зошто почнала премногу да се кара со свекрвата, баба ми.

Се вработила во сендвичара, па во некоја кафеана. Работела како келнерка и до доцна во ноќта. Татко ми набрзо разбрал дека таа многу лесно се качувала по маси и дозволувала пијаните мажи да ја штипкаат каде ќе стигнат.

Татко ми почнал да и прави проблеми и да и доаѓа во кафаната. Барал таа да си даде отказ и да се прибере дома. Но мајка ми сакала да си продолжи.

Јас бев уште мал, а сето ова го знам од раскажување. Дури и не се сеќавам баш многу на ноќта кога таа се вратила доцна, се спакувала себе, а после и мене и сестра ми, па наводно татко ми станал, па баба ми и дедо ми и настанал општ хаос.

Имено, мајка ми сакала да си замине и да не земе мене и сестра ми. Си нашла некој од Бугарија кој ја лажел дека ќе ја земе за жена, дека е многу богат и дека ќе живее како кралица.

За среќа татко ми застанал и не и дозволил да ги земе децата. Таа заминала со човекот во Бугарија, ама изгледа таму бајката и се претворила во кошмар, па се врати за две недели. Му се чудам на татко ми како и простил и како ја примил назад.

Таа напуштила работа и останала бремена со третото. Ми се роди братче. Јас веќе одев во училиште, брат ми тогаш имаше две години, кога мајка ми повторно доби повик од дивината и не’ напушти. Затоа ја викам ку чка.

Роднини и пријатели оделе кај неа на работа за да ја вразумат. Татко ми ко што е кроток, пак ќе и простел се’ само да се вратела дома.

Но таа пак си нашла некој друг љубовник. Не беа уште судски разведени а таа веќе живееше со друг маж. После пет години таа роди уште едно дете, мојот полубрат.

Тогаш веќе и татко ми имаше донесено жена дома која од претходниот брак имаше тригодишен син.

Конечно татко ми и мајка ми се разведоа судски. Таа се премажи со човекот со кој тогаш живееше и му роди син, а татко ми се ожени со маќеата, со неа е и ден денешен.

Каков ни беше нас животот со маќеава, ќе ви раскажувам друг пат. Тоа е исто болна приказна.

Мајка ми ретко доаѓаше да не посети, а и кога ќе дојдеше ни велеше дека не смее да доаѓа, татко ми и забранил. Почесто доаѓаа баба ми и дедо ми, тетка ми и вујко ми, отколку таа, родената мајка.

Сега откако го роди четвртото дете, скроз престана да доаѓа. И него го остави кога наполни 8 години. Ама ајде што го оставила мажот, туку и детето му го оставила.

Се фатила со некој шест години помлад од неа. Го нашла исто во кафеана. Со овој човек беше во врска три години. Потоа слушнав дека се преселила во Велес, и таму родила ќерка.

Мажот бил многу постар од неа, само две години помлад од дедо ми!!! Оваа ќерка заедно со мажот ги оставила по 4-5 години, и сега разбрав дека се преселила кај некој маж што работел како таксист, во Скопје.

Дали е мажена, дали е разведена, со кого судски се води дека е во брак- тоа не знам. За таксистот од Скопје знам дека порано бил женет ама со жена му не можеле да имаат деца, па се развел. Слушнав дека сакала и нему да му роди дете!

Цело време слушам за мајка ми и нејзините мажи. За полубратот и полусестрата само имам слушнато, едниот го имам видено на фото, а девојчето врска немам како изгледа. Можеби еден ден сите ќе се собереме, децата на кучката.

Нема да ја поканам на свадба, ама сакам да ја видам претходно. Сакам да ја погледнам во очи, да и кажам дека е ку чка и да ја плукнам во лице!

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Балкан.