Home Вести Свет Вчера авион на ,,Бритиш” од Њујорк до Лондон стигна за помалку од...

Вчера авион на ,,Бритиш” од Њујорк до Лондон стигна за помалку од пет часа

Последниве неколку месеци сме сведоци на многу непријатности во авионскиот сообраќај. Последно во таквата низа беше излетувањето на авион од компанијата ,,Пегасус” на аеродромот во Истанбул, при што имаше многу повредени патници.

Вчера медиумите известија за една друга несекојдневна ситуација. Имено, авион на „Бритиш ервејс“ долетал од Њујорк до Лондон 80 минути пред планираното време за пристигнување, а стручњаците сметаат дека го урнал рекордот на летање под брзината на звукот.

„Боингот 747-436“ достигнал брзина од дури 1.327 километри на час, благодарение на воздушната струја забрзана од невремето „Кјара“.

Според страницата Flightradar24, овој лет кој траел 4 часа и 56 минути, го урнал претходниот рекорд што го држеше компанијата Norwegian, а изнесуваше 5 часа и 13 минути.

Поранешниот пилот на „Бритиш ервејс“, Аластер Росеншин, коментира за Би-би-си дека авионот достигнал „феноменална брзина“.

Тој претпоставува дека пилотот го поставил авионот среде воздушна струја која е многу моќна во овој период од годината.

Летајќи во таква струја, патниците во авионот можат да почувствуваат многу силни турбуленции, но патувањето може да помине и без проблеми.

Би-би-си известува дека воздушните струи достигнале брзина од 418 километри на час во неделата наутро. Најбрзиот прелет преку Атлантикот се припишува на авионите БА Конкорд кои летаа од Newујорк до Лондон во 1996 година за 2 часа, 52 минути и 59 секунди. Притоа, достигнал брзина од 2.172 километри на час.