Home Вести Свет Кинески епидемиолог открива кога Коронавирусот ќе биде најстрашен

Кинески епидемиолог открива кога Коронавирусот ќе биде најстрашен

Жонг Наншан, 83-годишен епидемиолог кој се прослави во борбата против САРС во 2003 година, во изјава за „Ројтерс“ плачел за докторот Ли Венлианг, кој прв се обиде да го предупреди светот на коронавирусот и кој почина минатата недела.

Жонг е оптимистичен и вели дека ширењето на вирусот наскоро ќе престане. Врвот на епидемијата, според него, се очекува на средината или на крајот на февруари, а потоа следи смирување на ситуацијата и опаѓање на бројот на случаите.

„Се надевам дека сè би завршило до април“, рекол тој и додал најголем проблем е тоа што сè уште не е познато зошто вирусот е толку заразен.

Loading...

Од коронавирусот само вчера во Кина починаа 108 лица. Ова го направи понеделникот најсмртоносен ден од почетокот на ширењето на коронавирусот кон крајот на декември лани. Од вирусот досега во светот починаа 1.018 лица.

Потврдени се уште 2.478 нови случаи во Кина, со што бројот на заразени во оваа земја се искачи на 42.638. Во светски рамки, заразени се 43.090 луѓе.

Целиот текст прочитајте го на весник.ком

Loading...