Home Живот Се огласи Стефани Панова од Велес која е вработена на крузерот во...

Се огласи Стефани Панова од Велес која е вработена на крузерот во Јапонија

Една од тројцата вработени на бродот или „затворот на вода“ како што го нарекоа медиумите, бараат итна помош. Додека министерството за надворешни работи тврди дека нема до нивниот шеф Димитров стигнато никакво барање во врска со состојбата на Македонците таму, тројцата се обидуваат на секој начин да алармираат.

„Бараме да бидеме прегледани“, вели Стефани Панова за Алфа, но сè уште не сме, работиме иако немаме услови за работа, лоша е состојбата на бродот, ама ние “фала богу“ сме добри, додава таа.

Loading...

-Од опрема имаме само маска и ракавици, кои и не се баш квалитетни, а сето тоа не е доволно за да се заштитиме од коронавирусот. Бараме да не прегледаат, но ни велат дека немало потреба.

Само не скенираа, за дали го имаме првиот симптом, покачена температура. Не загрижува тоа што имаме допир со гостите, а тоа е опасност за нас, вели Панова.

Алфа контактираше и со уште еден од Македонците вработени на крузерот, кој во последен момент одлучи да остане анонимен. Тој е загрижен за својата судбина, но сепак повикува на смиреност.

-Останува трпение и смирение и силна вера за да помине ова искушение. Не се предаваме, се држиме цврсто, вели тој.

Претходно во саботата, тетката на една од македонците кои се заглавени среде море се обрати до редакцијата на Алфа но побара да остане анонимна.

Таа замоли здравствените власти да излезат со детали.

– Мојата внука е една од тројцата Македонци кои се наоѓаат на крузер во Јапонија. Тие не се заразени, проблемот е што тие ги служат болните. Во карантин ќе бидат до 19 февруари.

Постојано сме во неизвесност како ние домаќините, така и оние на бродот, па Ве молам да исконтактирате со министерстввото за здравство, пишува таа.

Македонката тврди дека до вчера бројот на заразени од корана вирусот стигнал до 41 заболен и постојано расте, но за уште стотина се чекаат резултатите.

Потврда дека има Македонци на бродот стигна пред неколку дена, а повеќе од 48 часа, здравствените власти немаат никакви детали. Алфа стапи во контакт и со министерот за здравство, но барем за сега одговор нема.

Крузерот „Дајмонд Принцес” со 3.700 патници е ставен во карантин откако вплови во пристаништето Јокохама и беше откриен случај на заболен помеѓу патниците.

Извор: Макпрес

Loading...