Home Вести Македонија Кому му е гајле дали е виновен Чулев или Спасовски – граѓаните...

Кому му е гајле дали е виновен Чулев или Спасовски – граѓаните немаат лични карти!

,,На 30.12.2019 бев да се сликам за нова лична карта, бидејќи старата ми беше истечена. Ми рекоа дојди за десет дена да си ја земеш.

Прашав, дали десет работни дена или обични, ми рекоа, десет дена, со се викенди и празници.

Нејсе, оставив да поминат повеќе денови и отидов денес. Ги напуштив работните обврски, платив паркинг, се наредив во ред.

Кома му ја дадов потврдата на службеникот веднаш ми рече:

,,Дечко, не ти е готова личната карта, нема ни да ти биде во догледно време. Нема ПЛАСТИКИ!! Има дадено тендер, ама кога ќе се набават пластики, не знаеме.”

Па држава ли е ова што ли е. 21 век ли е? Сите знаеме дека без лична карта не можеш да мрднеш никаде, секаде ти ја бараат за идентификација. Еве, има луѓе што не поседуваат патна исправа. Што ќе прават тие? Како ќе извадат пари од банка, како ќе поминат секаде каде е потребна лична идентификација…

Најстрашно од сè е што надлежните не знаат ни кога ќе бифат во можност да изработуваат лични карти. Верувам дека сличен проблем има и со возачките дозволи, бидејќи и тие се од пластика.”

Овој текст е напишан на 14.01.2020. Утре ќе помине точмо еден месец, а лични карти сеуште не се издаваат. Даночните обврзници не ги интересира дали е виновен Чулев или Спасовски. Тие не можат да си ги остварат своите права и должности!

Во 21. век држава да не може да ти обезбеди документ за лична идентификација е навистина недозволиво.

П.П.