Home Вести Македонија Спасовски до Чулев: Дури јас бев министер немаше проблем со обрасци за...

Спасовски до Чулев: Дури јас бев министер немаше проблем со обрасци за лични карти – реши го проблемот

Веќе два месеци граѓаните не можат да ги подигнат документите за лична идентификација, поради тоа што нема обрасци.

Доколку отидете на шалтерот во МВР за да си ја подигнете личната карта, ќе ви речат не е готова, немаме пластики!

Техничкиот премиер Оливер Спасовски му одговори на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев дека додека тој бил министер немало проблем со образците за лични карти и пасоши.

Loading...

Тој му порача на Чулев да седне и да го решава проблемот, тврди се што е направено е во легална и законска процедура а органите слободно нека истражат.

Чулев предходно на прес – конференција го обвини предходното раководство на министерството за недостигот на лични карти и пасоши, бидејќи како што рече Спасовски незаконски спроведувал тендери за набавка. а пари и биле префрлани на компанијата Веридос.

Loading...