Home Живот Д-р Несторовиќ од Србија прогнозира кога оваа криза би можело да стивне

Д-р Несторовиќ од Србија прогнозира кога оваа криза би можело да стивне

Вчера до 15 часот во Србија се регистрирани вкупно 249 случаи на Ковид 19. Од 27 ново потврдени случаи од последниот извештај, 19 од нив се хоспитализирани, со стабилна општа состојба, додека 8 од нив имаат полесна клиничка слика и се дома.

„Епидемиолошката состојба во Србија е доста добра и е над тоа од што најмногу се плашевме – нагло зголемување на заболени “, вели д-р Бранимир Несторовиќ, пулмолог и алерголог на Универзитетската клиника во Тиршова.

Пулмологот потсети дека сме само во третата недела, па сè уште е тешко да се каже дека не постои опасност од експоненцијален раст, но едно е сигурно, дека бројот на пациенти во Србија се зголемува, но не и со голема брзина.

„Ние го немаме овој феномен и тоа е добро. Ние имаме околу 20-30 нови пациенти дневно и тоа е добро“, рече Несторовиќ за „Novo jutro“.

Кога станува збор за 29-те дена кои ги споменуваа Кинезите, Несторовиќ објаснува дека смета на следново:

„Од моментот на кулминација на инфекцијата, која беше во Кина на 5 февруари, се брои уште еден месец. Секако, овој период може да се промени и дали тоа ќе биде продолжено зависи од нас“, истакна лекарот.

Несторовиќ, исто така, истакна дека при пресметување на епидемијата не станува збор за бројот на загинати, туку бројот на новозаразени.

“Луѓето умираат и понатаму, иако епидемијата е готова. Бројот на починати не е показател туку бројот на новозаразени. Овој број во Италија да речеме се намалува, а се намалува и во Иран. рече Несторовиќ.

Тој потсетува дека кинеските експерти предложиле масовно тестирање, тријажа односно распоредување и групирање на болните  и строга изолација. Србија е подготвена за сето ова, рече тој.