Home Вести Свет Британците се сомневаат дека веќе половина од нивните граѓани се заразени со...

Британците се сомневаат дека веќе половина од нивните граѓани се заразени со Корона

Заклучокот на експертите од лабораторијата за еволутивна екологија на заразни болести звучи шокантно. Но, во нивниот модел се кријат и позитивни епилози.

Затоа што режимите на тестирање не се унифицирани и варираат многу од земја до земја, тешко е да се фиксира вистинската стапка на смртност и стапка на хоспитализации на ковид-19..

Но, моделирањето на случајот од истражувачи од Оксфорд допушта некои добри вести, иако насловните наоди се облачни. Според нив, во моментов можно е половина од популацијата на Велика Британија веќе да е инфицирана од коронавирусот.

Ако моделот се потврди од последователни студии, тоа ќе значи дека на помалку од .01 процент инфицирани им треба хоспитализација бидејќи останатите минуваат без или со многу бенигни симптоми.

Според нивниот модел, коронавирусот стигнал најдоцна во средината на јануари и непречено и недетектирано се ширел цел месец пред да бидат потврдени првите случаи.

Базирајќи се на модел кој вообичаено се користи во проценки во епидемиологијата – а користеле податоци од Италија и Британија – истражувачите утврдиле дека иницијалната стратегија за „имунизација на стадото“ всушност вродила со плод.

Водачот на истражувањето и самиот се чуди што подоцна толку брзо и неквалификувано беа прифатени алармантните предупредувања дека ќе настане пекол (проценките на главниот научен советник велеа дека ќе има 250.000 мртви Британци) ако не се сменат политиките и мерките.

За да проверат дали математиката им е добра, во соработка со оние од Кембриџ и Кент, луѓето од Оксфорд веќе неделава започнувааат тестирања со антитела.

„Мора веднаш да започнеме масовни серолошки испотувања – тестирања со антитела- за да утврдиме во која фаза се наоѓа епидемијата во овој момент,“ вели доктор Сунетра Гупта.

Колку тие тестирања со антитела се битни објаснува Лори Гарет, пулицерова добитничка за научни известувања:

Да имаме антитела тестови, можеме да одиме по Њујорк и случајно да селектираме луѓе за да видиме колкумина њујорчани го имаат или го имале вирусот. Тоа може комплетно да ја смени играта. Една од работите кои сакаме да ги знаеме сега е колку луѓе кои имале пневмонија од јануари всушност биле ковид-19 случаи?

Тој одговор многу би значел во донесувањето политики. Ако откриеме дека има бран скриени пневмонии, сме го јаделе, ќе бидеме Италија. Но ако бројките се движат во рамки на историските податоци за тој период, тогаш можеме малку да здивнеме и не мора да ги заклучуваме сите дома.

Извор: Офнет