Home Вести Добри вести за Македонците што имаат кредити за враќање

Добри вести за Македонците што имаат кредити за враќање

Владата донесе повеќе уредби за олеснување на финансиската изложеност на граѓаните и компаниите во услови на криза, меѓу кои и за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците.

– Со неа се утврдува како во текот на вонредната состојба да се остварат можностите дадени со регулаторните измени донесени од Народната банка, насочени кон олеснување на финансискиот товар на граѓаните и на фирмите коишто заради корона кризата се соочуваат или би можело да се соочат со реални потешкотии во исплатата на кредитите во банките и штедилниците.

На Уредбата работеа Народната банка, Министерството за финансии и Македонската банкарска асоцијација, соопшти владината прес-служба.

На владината седница е донесена Уредба со законска сила за примена на законот за буџетите за време на вонредна состојба, со која се дава поголема флексибилност на буџетските корисници при управувањето и користењето со планираните средства, односно се овозможува поефикасно делување во справувањето со епидемијата.

Владата денеска донесе и Уредба со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со која како мерка за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19, ќе бидат ослободени од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година.

Право на намалување на износот на аконтациите на данокот на добивка ќе имаат даночните обврзници кои ги вршат дејностите наведени согласно Националната класификација на дејности-НКД Рев.2: угостителска дејност (шифра 56- дејности за подготовка и служење на храна), туризам (шифра 79- Туристички агенции организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и шифра 55- Објекти за сместување) и транспорт (шифра 49-Копнен транспорт и цевоводен транспорт, шифра 50- Воден транспорт и шифра 51- Воздухопловен транспорт) и кои ги исполнуваат следните услови: