Home Вести Докторот Гоце од Струмица: Кубуриме само со неколку ракавици и по 1-2...

Докторот Гоце од Струмица: Кубуриме само со неколку ракавици и по 1-2 маски за цел работен ден

Статус на докторот Гоце Христов од болницата во Струмица за актуелната ситуација поради корона вирусот во нашата држава:

Нови 29 пациенти! Прашањето е на колку тестирани е овој број…Во Струмица денеска се тестирани многу малку пациенти ( се бројат на прстите од една рака ).

Дали овој сооднос треба да биде репер за пореструктивни мерки? Секако дека да. Дајте превземете најстроги мерки се дури уште може да ја контролираме состојбата.

Паралелно здравствените работници немаат никаква заштита, кубираме само со неколку ракавици и по 1-2 маски за цел работен ден, Во мојата болница сосипани сме и со персонал, има само 4 интернисти!

Дел од специјализираните одбиваат испомош во матичните центри, иако имаат прекин на семестралните задачи и активности, а се наоѓаме во вонредна состојба. Каде не води сето тоа?

Мислам дека одговорот за сите е извесен! Издавајте наредби, нашата свест не одовара на апели!