Home Живот Италијански свештеник (72) почина откако му го даде респираторот на помлад пациент

Италијански свештеник (72) почина откако му го даде респираторот на помлад пациент

Италијански свештеник починал од коронавирус, откако му го дал респираторот, што неговите парохијани го купиле за него, на помлад пациент.

Џусепе Берардели (72) од Касињо, еден од во најпогодените региони во Ломбардија, Италија, почина во една локална болница после неколку денови од дијагностицирањето на вирусот.

Од страна на парохијаните од неговата црква, кои биле загрижени за неговата здравствена состојба, на Берардели му бил даден респиратор.

Но тој се жртвувал и респираторот решил да му го даде на помлад пациент, кој за тоа не знаел, но имал потешкотии со дишењето, поради Корона вирусот.

Точната возраст и состојба на тој пациент не се познати, но помладите пациенти кои имаат можност да пристапат до респиратори имаат многу поголема шанса за преживување.

Овој случај го откри свештеникот Џејмс Мартин од САД, кој е консултант во Секретаријатот за комуникации на Ватикан.