Home Вести Македонија Најчевска: Време е секоја будала која беше министер, директор да ги врати...

Најчевска: Време е секоја будала која беше министер, директор да ги врати украдените пари

Статус на Мирјана Најчевска:

,,Време е да се вратат парите. Ама не од учителите и социјалните работници и шалтерската администрација (дури и оние кои се примени со партиски книшки). Не треба да се бараат парите од јавниот сектор (кој треба да биде реформиран, но не и уништен). Не.

Време е да се вратат украдените пари од грабежот на денационализацијата и од урбаната мафија и од секоја будала која од позиција на градоначалник, парламентарец, министер, директор, премиер, нагло се збогати и изгради по две-три хациенди и изнакупи имоти во странство и отвори сметки на разноразни острови.

Ете тие пари се потребни сега за борба со кризата во која запаѓаме. Оние испраните и сега чисти пари од Скопје 2014, и парите на сите новопечени богаташчиња кои одеднаш така преку ноќ изградија десетици станови, хотели и болници и фабрики и хидроцентрали и аптеки и …

Наместо да се глодате меѓу себе, побарајте ги тие пари. Не се залажувајте дека тие ја одржуваат државата. О не. Тие ја шмукаат, ја цедат ја ограбуваат државата.

Државата ја одржуваат обичните граѓани, со својата работа и со своите придонеси, а не газдите.”