Home Вести Македонија Рашела Мизрахи: Ме советуваат да внимавам да не сум обвинета за „кревање...

Рашела Мизрахи: Ме советуваат да внимавам да не сум обвинета за „кревање паника“

Статус на Рашела Мизрахи: ,,Смртта од безсистемност е посигурна од смртта од корона

Со години модерното „продавање магла“ и декоративното прикривање на реалните системски проблеми стигнаа да го доживеат своето фијаско во стилот „Царот е Гол“.

Блескаво предложеното рестартирање на државата без план и компас и без техничка подготвеност, преку цел спектар на системски катастрофи и пред сегашнава нѐ доведе до тотален хаос. И сега кога стигна корона, ме советуваат да внимавам да не сум обвинета за „кревање паника“, а паниката е веќе премината во навика како и следствената летаргија кај целокупното население во оваа држава.

И ќе се убедуваме дека сѐ е под контрола затоа што може да следи и поголема хаварија, економски колапс, недостаток на храна, па втор бран корона…

Ама не кревајте паника, здравството беше дисфункционално и пред корона. И економијата исто така. И правдата… И државата!

Се гледаше кон надвор, кон меѓународната политика, а политиката за дома одамна ги заборави домашните. Неработници… И сега хаос…

Дворот божем го гледаа, а куќата внатре хаос… Криза е, треба да сме политички коректини. Епа коректно е да кажеме дека овој безсистемски хаос ќе се реши само доколку престанеме да бидеме „модерни“ и почнеме да бидеме искрени и рационални.

И како иронија, корона ја напаѓа генерацијата од која требаше да научиме како да бидеме домаќини, како да создаваме, како да живееме со концептот на чист образ и одржан збор, со почит, со скромност, со сеќавање на минатото, соживот и љубов кон татковината и поглед кон иднината.

И да бидеме сигурни, хаосот во безсистемноста убива повеќе од корона!”