Home Вести Македонија Апасиев: Зошто државната помош за работниците оди преку нивните класни непријатели –...

Апасиев: Зошто државната помош за работниците оди преку нивните класни непријатели – работодавците

Статус на Димитар Апасиев:

,,Зошто секогаш, ДРЖАВНАТА ПОМОШ за работниците мора да иде преку нивните класни непријатели – работодавачите!?
Тоа ми е, некако, ептен глупо! Како, на пример, за време на НОБ да сте сакале да ги поддржите партизаните у планините, а помошта за нив да сте ја истоварале у фашистичките хангари у градовите!?

Не треба да сте ногу паметен да сконтате дека таа „помош“ никад нема да стигне кај оној на кого му е наменета. 😉

Кога, конечно, ќе дочекаме Влада која ДИРЕКТНО ги помага работниците – без посредници и „спасители“?

На пример: линеарен детски додаток од 100 ЕУР за секое дете од работничко семејство со плата која не ја надминува просечната; или, ваучер од 150 ЕУР за набавка на основни намирници, кој би му следувал на секое работничко семејство и сл.

Зборот ми е, работниците не се неспособни лица под старателство, за да не се у стање сами да си располагаат со средствата добиени од државата. За тоа не им требаат газдите! Дури и преку к*р им се дојдени