Home Вести Македонија Ентузијасти им направија визири на докторите – овие се заблагодаруваат

Ентузијасти им направија визири на докторите – овие се заблагодаруваат

Статус на Ивица Апостолов: ,,Денес ме побара и оствари контакт со мене Nenad Lazarov со барање за да им помогнам околу координација за дистрибуцијата и поделбата на визирите за колегите на Инфективна клиника во Скопје и тоа го прифатив веднаш без размислување, а во итна комуникација со министерот Venko Filipce им овозможивме да остварат директен контакт со задолжените во Кризниот штаб со давање на точни и прецизни насоки како утре да се дистрибутираат визирите до колегите во Дебар и по остварениот контакт со #MilenaStevanovic директор на Инфективна клиника во Скопје, дополнителната дистрибуција ќе биде по основ на приоритети и тоа Куманово, Штип, Гостивар, а подоцна и во останатите центри.

Чувствувам потреба во лично име, но и во име на сите кои сме вклучени во оваа борба против коронавирусот, да изразам благодарност за инвентивноста и изработените визири и штитници од страна на неколкумина ентузијасти и волонтери како и на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ.

Од разговорот со нив, дознав дека се работи за 30-тина тивки херои, повеќето од нив немедицинари и хумани дечки кои деноноќно работат на производство на визирите, кои користат свои ресурси, принтери и лични материјали и така го започнале производството по иницијатива на #AleksandarKarevski и АСМЛ.

Поддршката кон нив е се поголема, сите здравствени работници, а и цела држава им е благодарна на овие луѓе, а кога ќе помине сета оваа работа со борбата против корона вирусот, лично ќе им се заблагодарам на секого поединечно.

Секоја чест дечки, респект за вас и за #АСМЛ.”

Се заблагодари и д-р Ненад Лазаров, еден од најактивните матични лекари на социјалните мрежи, во оваа криза.