Home Естрада (ФОТО) Член од жирото на ,,Sвезде Гранда” заразен – претходно бил во...

(ФОТО) Член од жирото на ,,Sвезде Гранда” заразен – претходно бил во Гевгелија и Охрид

Член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“ е во болница поради воспаление на белите дробови. Тој преку својот Инстаграм профил испрати порака до сите.

Српскиот рокер Давид Ѓорѓе пред неколку дена преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирус.

-За жал… потврдено ми е дека позитивен сум на Ковид-19! Не разбирам… Очаен сум. Вирусот ќе помине, но… Болницата, пеколот, како да си во затвор или војска. Луѓе чувајте се. Ве молам!, напиша тој на Инстаграм.

Вчера Вечер објави дека всушност  Ѓорѓе Давид, пред да биде прогласена вонредна состојба, бил во Македонија и поради тоа веднаш бил во самоизолација и немал никаков контакт со својата сопруга Ана и неговата ќерка.

– Од Северна Македонија допатував минатиот петок. Седев со  градоначалникот во Гевгелија во моментот кога тој почна да добива информации за вирусот. Во петокот наутро кога тргнав за Охрид, мојата Ана ме бараше на мобилен да ми каже за што станува збор.

Не верував дека ситуацијата ќе дотурка толку далеку. Докторите со кои редовно се слушам и на кои им верувам напоменуваат дека дисциплината е најважна – вели тој.