Home Живот Јоци прераскажа сведоштво за ,,Вариола Вера”, пандемијата од 1972, година

Јоци прераскажа сведоштво за ,,Вариола Вера”, пандемијата од 1972, година

Јорданка Ивановска Јоци: ,,Поради пандемијата, се изнагледав документарци за епидемии.

Слушав и едно од живите сведоштва за ,,вариола вера” од 1972, од една докторка-волонтерка во тоа време во белградската болница под карантин.

Таа сведочеше за една случка, медицински феномен за нив, како и за бројките на умрени-заразени кои ги криеле властите.

Докторката Караџиќ, која и самата се заразила, рече дека на Интензивна нега, сите умреле од вирусот, доцна го откриле, бидејќи за заразениот пациент мислеле дека има чир, па затоа крвари од уста.

Воедно, сите мислеле дека прва ќе се зарази и умре докторката која била главна на Интензивна, бидејќи била во терминална фаза на канцер. Но, таа ниту се заразила, ниту умрела. Умреле сите други на тој оддел.

Меѓудругото рече дека му замерила на Горан Марковиќ, на премиерата на филмот, затоа што сестра Душица ја екранизирал како неморална во филмот, а таа била 17 дена пред својата свадба кога се заразила и за два дена починала.

Сестра Душица, една од првите жртви, денеска, има и споменик во Ресник.

– Душица искрвари како сунѓер. Најтешко ни беше кога ги палевме сите нејзини ствари- , раскажа преживеаната докторка Караџиќ.”