Home Вести Македонија Јоци: Пуштете ме мене да ги ставам во карантин со жица 3...

Јоци: Пуштете ме мене да ги ставам во карантин со жица 3 метри овие што сакаат литургии да одржуваат

Новинарката која секојдневно објавува статуси на социјалните мрежи, најчесто за политичките случувања во државата, сега би да ги затвори во карантин и свештениците и верниците кои бараат да се одржуваат литургии.

Статус на Јорданка Ивановска Јоци:

,,Има ли некој да го спречи ова лудачко, психотично, насилно однесување за одржување литургии, закани во име на Бог, бакнување крстови и размена на салива преку нив и ширење на поголема зараза?

Ако не знаете како, пуштете ме мене да ги ставам сите овие во карантин со жица 3 метри и да им го конфискувам цел имот, најбољшевистички. Па, нек се молат после во соба ,,два на два”.

Маркс беше целосно во право дека религијата е најголемиот опиум за народни маси. Илузорна замена за среќа наспроти нивното трагање по вистинска среќа.