Home Вести Свет Корона се распламти во Америка – државите Њујорк и Њу Џерси најзагрозени

Корона се распламти во Америка – државите Њујорк и Њу Џерси најзагрозени

Во државите Њујорк и Њу Џерси, каде што живеат и најголемиот дел од македонските иселеници се водечки во Соединетите Американски држави, по заразени со Корона вирус.

САД е трета земја според број на заболени по Кина и Италија. Од вчера починале 1033 лица, а инфекцијата е потврдена кај 68.572 лица.

Првите знаци за ограничување на ширењето на болеста се појавија вчера во државата Њујорк, каде има најмногу заразени и починати од „Ковид-19“, објави гувернерот Ендрју Куомо, иако бројот на загинати во самиот град Њујорк е зголемен.

Хоспитализацијата во Њујорк е забавена во последниве денови, а гувернерот Куомо рече дека бројките се „скоро премногу добри за да бидат вистинити“.

Тој го пофали огромниот одѕив на пензионираните здравствени работници – 40.000 медицински сестри, лекари и друг медицински персонал – но предупреди дека останува уште огромна работа. Куoмо најави нови чекори за спречување на ширењето на инфекцијата.

Градот Њујорк, дом на повеќе од осум милиони луѓе, го затвори сообраќајот на некои од веќе главно празните улици за да им овозможи на жителите да се движат и да одржуваат доволно растојание меѓу себе.

„Малото растојание меѓу луѓето не прави ранливи“, рече тој.

Во Њујорк потврдени се 30.800 случаи на инфекција, а повеќе од 17.800 во самиот град. Ноќеска починале 280 луѓе во градот.

Државата Њујорк, во која има скоро половина од заразените Американци, ги прекина сите деловни активности што не се од суштинско значење за секојдневниот живот минатата недела, а на жителите им беше речено да останат во своите домови.

Од вчера, гувернерите на најмалку 21 држава во кои живеат 330 милиони Американци наметнаа вакви ограничувања. Куомо рече дека забавувањето на хоспитализациите покажува дека се работи на мерките за социјална оддалеченост.

Њу Орлеанс, пред еден месец кога луѓето масовно излегоа на улиците за време на карневалот, е на пат да стане новиот американски епицентар на пандемијата на коронавирус. Градот забележа најголема стапка на пораст на заразените луѓе ширум светот.

Влошената состојба во Њу Орлеанс ја растури надежта дека градовите во потоплите области на светот дека би можеле да ја избегнат болеста. Локалните власти предупредуваат дека со ова темпо, ширењето на инфекцијата во градот на реката Мисисипи ќе ја премине границата на издржливост до 4 април.