Home Вести Свет Можат ли излекуваните од Корона вирус да останат преносители?

Можат ли излекуваните од Корона вирус да останат преносители?

Сега најголемата дилем на луѓето ширум светот е дали припаѓаат во онаа група од 80 проценти од населението, кои ќе се заразат со Корона, но нема да почувствуваат никакви симптоми.

Втора прашање кои многумина си го поставуваат е како да проверат дали веќе го прележале вирусот, а незнаат. Доколку би знаеле, тоа би било олеснување на психичката тежина која секој ја чувствува.

Но има и уште една дилема, а тоа е дали луѓето за кои се знае дека го прележале Корона вирус, можат и понатаму да останат преносители?

Луѓето кои се излекувани од новиот коронавирус можат да останат носители на Ковид-19 и треба да бидат повторно тестирани, изјави вирусологот и директор на Научно-истражувачкиот центар во францускиот град Бесанкон, Филип Хумбер.

– Може да се излекувате од вирусот, но се уште да го имате во носната шуплина и на тој начин да го ширите. Тоа се случува кај носителите на хепатитис Б и Ц.

Ова значи дека може да имате антитела против вирусот, но во исто време и самиот вирус, истакна Хумбер на брифинг на Асоцијацијата на странски дописници на ОН во Женева.

Според последните податоци на Светската здравствена организација, досега во светот има над 22.000 починати лица од новиот коронавирус.