Home Живот Нека не ве лажат – ракија и виски не се замена за...

Нека не ве лажат – ракија и виски не се замена за дезинфекциони средства

Во недостиг на дезинфекциски средства, тоалетна хартија, влажни марамчиња, маски, ракавици, луѓето преоѓаат кон алтернативни методи, на пример домашна ракија, виски или вотка, како средство за дезинфекција.

Некои отидоа дури до таму, што споделуваа некакви небулозни објави дека доколку се напиеш топла вода, таа ќе го истера вирусот преку бубрезите, надвор од организмот. Некои пак, почнаа да пијат ракија, надевајќи се дека ќе го дезинфицираат организмот, што е исто така многу погрешно.

Но, уште од почетокот на оваа криза, експертите дадоа стриктни напатствија за тоа како треба да се однесуваме во поглед на хигиената.

Миењето раце со сапун и вода е најдобар начин да се заштите од вируси и бактерии. Ако пак, нема пристап до сапун и вода, може да се користи средство за чистење на база на 60 процентен алкохол.

Значи најмалку 60 процентен алкохол, не домашна ракија, чија јачина е најчесто до 50 степени! Затоа, најдобра ефикасна замена за тоа е медицинскиот алкохол. Жестоките пијалаци, не се за дезинфекција.

Исто така треба да се внимава и со максималниот процент на алкохол. Алкохол со јачина преку 80 или 90 проценти, може сериозно да и наштети на кожата. Затоа, придржувајте се до препораките и не споделувајте сè што же ви пристигне во инбокс.