Home Живот Семејство од Македонија 9 дена чувало дома жена почината од коронавирус

Семејство од Македонија 9 дена чувало дома жена почината од коронавирус

Голготата на семејство од Македонија кое не можело да ја погреба својата сопруга и мајка, која починала од коронавирус на 18 март во местото Пизоњ во италијанската провинција Бреша, траело цели девет дена, бидејќи немало муслимански гробишта, дознава 24Инфо.

Сопругот и двете ќерки на починатата заглавиле во бирократскиот лавиринт па за цело време седеле во домот со ковчегот, кој е херметички затворен поради вирусот, а поради строгите здравствени регулативи не можеле ниту да го пренесат телото во Македонија.

За бизарната ситуација јавноста беше запознаена откако алармираше Јасин Лафрам, претседателот на Унијата на исламски заедници на Италија.

Унијата веќе се активираше во последните денови, барајќи интервенција од владата со цел да се олесни погребувањето на мртвите муслимани во постојните исламски гробишта, дури и ако доаѓаат од други провинции или региони.

„Настанот е неверојатен. Ова е затоа што Пизоњ нема област за погребување на муслиманите, што ја има и Бреша, но која е достапна само за муслиманите кои живеат во градот и не го овластува погребот.

Јас сум шокиран од оваа вест и се надевам дека надлежните органи ќе најдат начин што е можно поскоро да дозволат достоинствено погребување на оваа жена. Тешката состојбата во која сме и што сите ја доживуваме не смее да биде причина да ја занемариме хуманоста која е суштината на нашето општество, изјави Лафрам.

Сепак, агонијата на семејството прекинала вчера со привремен погреб на жената. Бидејќи Бреша одбила да го изврши погребот, локалните власти, сепак, отстапиле парцела на гробиштата каде привремено е погребна жената, која че добие достоинствено испраќање кога ќе помине вонредната состојба и ќе се изнајде соодветно решение.

Извор: 24Инфо