Home Вести Македонија Најчевска: Да не крадевте и да го вратевте украденото, ќе имаше пари...

Најчевска: Да не крадевте и да го вратевте украденото, ќе имаше пари за вакви ситуации

Мирјана Најчевска: ,,Да сакавте да го вратите украденото и да не крадевте и самите ќе имаше пари во буџетот за вакви ситуации.

Да ја реформиравте администрацијата и да не вработувавте и вработувате до бесвест ќе имаше пари во буџетот за вакви ситуации.

Да не се трошеше на покривање на долгови на градоначалниците кои си купуваа автомобили и се честаваа по ручеци ќе имаше пари за вакви ситуации.

Да се направеше вистинско прогресивно оданочување а не фарста која потоа и ја поништивте ќе имаше пари за вакви ситуации.

Да не се делеа пари за партии и да се трошеа за вонредни избори ќе имаше за вакви ситуации.

Пари имаше и има само прашање е за што се трошат. И мислам дека сепак некој треба да му каже на Заев дека во моментов не е никаков функционер во власта и може да зборува само како претседател на партија а не како државник.”