Home Живот (ВИДЕО) Се јави Драган од Лос Анџелес: Крузерите се закотвени, а за...

(ВИДЕО) Се јави Драган од Лос Анџелес: Крузерите се закотвени, а за нашата црква ќе биде тешко

Драган Ракоњац е Србин кој живее во Лос Анџелес, Калифорнија. Тој сними видео, шетајќи се покрај океанот и ја објасни ситуацијата во Американската држава за време на најновата криза.

-Крузерите се укотвени во близина на пристаништето. На секој од овие крузери работат по околу 1500 луѓе. Значи околу 5000 луѓе останаа без работа. Како тие луѓе ќе ги плаќаат своите месечни сметки и кредити незнам.

Мој пријател кој живее во Лас Вегас ми кажа дека сите коцкарници и хотели се затворени и дека околу 200 илјади луѓе се останати без работа.

Еве како што гледате овде околу нас и секаде во Калифорнија се гради, но мислам дека и тоа сега ќе застане, бидејќи многу луѓе купуваа станови за да ги рентаат на АИРБНБ. Но на кого сега ќе му издаваат. А сите тие имаат кредити, како сега ќе ги враќаат парите?

Овде во Америка малку луѓето се беинформирани, па ретко кој носи маска и ракавици. Сепак, луѓето држат дистанца и ги почитуваат препораките, но најголемиот пик како што се најавува, тек се очекува.

Америка е богата земја, многу добро живеевме и заработувавме, но еве сега се случи ова и предвидувањата се дека следи најголемата економска криза во историјата.

Погледнете го видеото: