Home Вести Македонските соседи на секој свој полнолетен граѓанин ќе даваат по 100 евра

Македонските соседи на секој свој полнолетен граѓанин ќе даваат по 100 евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги претстави економските мерки за помош на Србија и економијата во надминување на коронавирусот.

Имаме пари за економијата, а имаме и за нешто друго. Размислуваме да им дадеме помош по 100 евра на секој возрасен граѓанин на Србија. Без оглед дали е вработен, невработен, пензионер. Тоа е околу 520 милиони евра – вели претседателот на Србија.

Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.

Сите претприемачи, микро и мали бизниси, за три месеци, дури и ако кризата околу короната и не трае три месеци, ќе им платиме минималец – најави синоќа Вучиќ.

На секој фризер, чевлар, пекар…, на сите вработени во нивните компании, ќе платиме минимална плата. Фризерот не може сега да заработи пари, но ќе има да плати минималец и за себе и за неговиот вработен.

Ние сакаме да им помогнеме на претприемачите да преживеат, но само оние кои не отпуштиле над 10 проценти од работниците, ќе можат да сметаат на тоа.