Home Живот Жени кои работат на линии за возрасни ги раскажуваат најчудните муабети

Жени кои работат на линии за возрасни ги раскажуваат најчудните муабети

Различни луѓе имаат различни интимни потреби. Ова се приказни на пет различни жени кои сè и сешто слушнале за време на своето работно време покрај “врелите линии”.

Кога ќе ги прашате луѓето што е првото нешто што ги асоцира на споменување на темата “врела линија”, повеќето би рекле дека станува збор за телефонски разговор со воздишки и шепотења на возбудливи зборови.

Приказните на овие пет жени, сепак докажуваат дека “врелите разговори” можат да одат и многу подалеку од едно обично “возд ивнување”.

Само сакаше да разговара за тоа дека требало да се потстрижи, ама не знаел како. Требаше да замине на бербер, но никако не можеше да се одлучи каква фризура најдобро. Ме предупреди дека веднаш ќе прекине доколку разговорот тргне во друг правец. Ми се јавуваше секоја недела и разговаравме по еден час, ама јас никогаш не сум си заработила полесно својата плата.

Најчудниот клиент кој сум го имала е оној кој сакаше да игра дека е “Женско Петко”, а јас неговата мајка. Иако тоа на почетокот ми беше чудно, се согласив на таков начин на разговор.

Единствено малку ме ежеше тоа тој најмногу го водеше разговорот, а јас само бев слушател и понекогаш соработував. Имав впечаток дека нема баш претерано јасна граница помеѓу тоа што е фикција а што реалност.

Буквално морав да водам белешки за глупостите кои ми ги зборуваше. Типот ми се јавуваше за да ми раскажува исклучиво за својот живот, за семејството, жената, децата и проблемите.

Единствената комплицирана работа во целата приказна беше тоа што морав да водам белешки, за да можам без проблем да да се вклучам во разворот секојпат кога ќе ми се јавеше.

Најлош беше еден клиент кој беше зол. Типот си беше зол по дефиниција и сакаше им причинува лошо на другите. Во еден момент ми рече да земам шише и да направам нешто незамисливо. Му реков дека тоа е опасно и дека може да ме боли, а тој ми одговори дека токму тоа му била поентата. Го прекинав разговорот и го блокирав.

Многу сакаше да зборува за жени со големо, бујно деколте. Во разговорот со него дознав еден нов збор, “експандирани”, за кој тој велеше дека градите може да ја зголемуваат величината.

Сакаше да му опишувам како мене ми се зголемува “градниот кош”, дали ме болат, колкава им е величината и сето тоа бараше во најситни детали да му го опишувам.

И.П. Фото: Илустрација