Home Живот Родителите велат: Немаме за леб, а не за онлајн настава

Родителите велат: Немаме за леб, а не за онлајн настава

Поради пандемијата со корона вирусот, веќе извесен период училиштата и факултетите во Македонија се затворени, а учениците и студентите се дома. Поради ова се појави потреба да се изнајде начин како да продолжи наставата која сега е онлајни.

Ова е 8 годишната Фатиме Хамиди, ученичка во трето одделение во основното училиште „Беса“, во село Бозовце тетовско.

Фатиме мора да учи сама бидејќи не може да следи онлајн настава, а не може ниту да ја следи образовната телевизиска програма. Пред осум месеци им е исклучена електричната енергија поради неплатени сметки.

Сите деца на ова семејство ја имаат истата судбина. Поради тоа што немаат можност да следат онлајн настава, тие се обврзани да седат со свеќа и да го чекаат следниот ден за да излезат надвор.

Домаќинот, Јамин Хамиди, вели дека неговиот 5 годишен син е со Даунов синдром. Од државата зема само 4 илјади денари кои не се доволни ниту за лекови. Не се во можност да ја платат електричната енергија, а за храна се наоѓаат некако.

Иста судбина има и седммочленото семејството Шабани. Осумгодишната Калтрина ја најдовме како ги прави домашните задачи.

Адис и Арнис ги сретнавме на улица. И тие рекоа дека дома немаат ни телефон, ниту компјутер за да контактираат со нивните наставници.

Домаќинот, Нагиб Шабани, вели дека е невработен и дека е тешко во планинско село да се најде работа.

Ги оставивме овие семејства со надеж дека некој ќе им помогне. Тие се 20 километри од Тетово, а децата освен што не знаат што се случува во земјава со кризата предизвикана од КОВИД-19, не знаат ништо ниту за препораките и апелите на здравствените власти.

Телефон за контакт: Нешат Мехмети +389 71 943 443

Целата сторија со видео прилог проследете ја на ТВ 21