Home Естрада Драгана Мирковиќ најмногу – ќе подзинете кога ќе видите колку пари изгубила...

Драгана Мирковиќ најмногу – ќе подзинете кога ќе видите колку пари изгубила естрадата овие 3 месеци

Животот како да застана во борбата со епидемијата од корона вирусот, а со самото тоа се откажаа и сите концерти и настапи на естрадните ѕвезди од регионалната музичка сцена.

Аца Лукас, Дара Бубамара, Рада Манојловиќ, Радиша Трајковиќ Џани, Александра Пријовиќ, Дарко Лазич, Милица Тодоровиќ, марија Шерифовиќ и многу други пејачи губат по неколку стотици илјади евра поради новонастанатата ситуација.

Естрадата беше принудена да ги откаже настапите, но има случаи во кои парите, според некои сознанија, не им ги враќаат на оние од кои веќе го зеле капарот, туку инсистираат на тоа, настапот да го одржат кога ситуацијата во земјата и странсво тоа ќе го дозволи, во некои подобри времиња.

Со оглед на тоа што пеачите не сакаат да ги откриваат своите бизниз тајни кога станува збор за финансискиот дел, било побарано од естрадните менаџери Саша Џуриќ и Звонко Грујиќ, да дадат изјави бидејќи токму тие им ги договараат тезгите на пејачите ширум Европа.

“Една од нашите најголеми ѕвезди Драгана Мирковиќ ја распродала турнејата за Австралија, но поради новонастанатата ситуација, ќе мора да ја одложи на неопределено време.

Се одложуваат сите прослави, крштевки… Рада манојловиќ и Миа Борисављевиќ имаа договорени настапи до крајот на летото. Настана сериозен хаос поради поместувањето на датумите и сериозни пари се во игра.

Луѓето уште пред година-две претходно си имаа резервирано одредени датуми, а сега сето тоа мора да се поместува. Но, ова е “виша” силаи затоа што парите се ставени “на чекање”.

Сите изгубија со пандемијава, но важно е да сме живи и здрави, и ова што поскоро да помине, за да можат луѓето повторно нормално да живеат и да работат” – изјавил Џуриќ.

“Ситуацијата не е сјајна. Пејачите кои се наоѓаат во топ десет по популарност за овие два-три месеци ќе изгубат околу 500 000 евра.

Сега сè е поместено, но договорените концерти, како што е оној на Аца Лука во Швајцарија, сепак ќе мора да се одработи кога за тоа ќе се стекнат услови.

Меѓу нив има многумина кои имаат земено аванс (капар). Не им се враќаат парите, бидејќи пејачите не се виновни за оваа ситуација.

Нашата работа е еден поврзан синџир во кој не губи само пејачот, туку и сите музичари. Единствено ова не го чувствуваат оние кои досега имале малку работа” – вели Грујиќ. Тој додава дека неговите клиенти се свесни за проблемите во кои светот се најде.

“Само во Виена во еден ден 200 000 луѓе останаа без работа. Никој не знае до кога ќе трае оваа вонредна состојба. Се жалат пејачите и сопствениците на дискотеките.

На сите им се пореметени плановите. Верувам дека сè ќе дојде на свое место, а сега во овој момент треба да се слуша државата и советите кои се препорачуваат и да се почитуваат сите мерки.

Парите ќе се заработат потоа, кога сето ова ќе се заврши” – заклучува естрадниот менаџер Звонко Грујиќ.

Обработи: И.П.