Home Вести Македонија Мицкоски: Во вторникот побарав од премиерот Јанша да и помогне на Македонија...

Мицкоски: Во вторникот побарав од премиерот Јанша да и помогне на Македонија – денес помошта пристигна

Лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, на својот профил на социјалните мрежи објави фотографии од помошта која денес пристигнала од Словенија.

Имено Мицкоски во вторникот разговарал со својот колега Јанша, кој е претседател на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ од Словенија, а воедно и премиер на земјата и побарал помош во медицинска опрема, барање кое било веднаш задоволено. Помошта пристигнала денес:

,,Во вторникот остварив телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и лидер на нашата сестринска партија СДС, Јанес Јанша.

Разменивме мислења и информации за актуелната политичка состојба, а пред се се осврнавме на заедничките предизвици со пандемијата на корона вирусот, со кои се соочуваат двете држави.

Побарав од премиерот Јанша, да помогне Словенија во рамките на своите можности и капацитети.

Денес, на скопскиот аеродром пристигна првата помош во заштитни маски и медицински ракавици од земја членка на Европската Унија, Република Словенија.

Во таа насока сакам да изразам јавна благодарност до нашиот пријател и пријателот на Македонија – Јанша за помошта и тоашто за брзо време се испорача помош која во овие моменти ќе биде значајна за луѓето кои се во првата линија во борбата против заразната пандемија.

Ова е време кога сите вистински треба да ја покажеме солидарноста и хуманоста на дело и на начин на којшто можеме да помогнеме во надминување на оваа тешка криза.

Секој според можностите и преку средства со коишто може да придонесе, затоа што секој живот вреди и затоа што ја сакаме Македонија.