Home Вести Македонија Денес највисока бројка – нови 46 заболени од Корона во Македонија

Денес највисока бројка – нови 46 заболени од Корона во Македонија

Министерот Венко Филипче денес на неговиот профил на социјалните мрежи информираше за отворени уште 3 нови телефонски броеви наменети за психилошка поддршка на трудниците и родилките, лицата со нарушување на слухот, говорот и гласот, како и психолошка поддршка на албански јазик во периодот со справувањето со КОВИД-19.

Ги охрабрувам сите граѓани кои чувстуваат потреба да ја побараат потребната помош. На телефонските броеви одговараат стручни лица од Клиниката за психијатрија, со чија соработка ја нудиме оваа поддршка, напиша тој.

Инаку Вчера се направени вкупно 389 теста, па бројот на тестирања сега се искачи на повеќе од 4.500. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 до денеска изнесува 430 а главниот град и понатаму има најмногу 208, додека Куманово е втор со 85 случаи.

После благото опаѓање во изминатите денови, денес министерот за здравство Венко Филипче информираше за рекорден број заразени во изминатото деноноќие, дури 46.

Двајца пациенти поч инале, едниот од Куманово на 70 години, а другиот од Тетовско на 68 годишна возраст.Во Скопје има 13 новозаболени, дебар, тетово велес и гевгелија по двајца а гостивар и прилеп по еден.

Од министерството за внатрешни информираат дека од велешките два случаи, една е вработена во полициската станица во Петровец. Веднаш по откривањњрто на два позитивни случаи во станицата сите вработени беа пратени во домашна изолација.

Куманово е со најголем број 23 ца, од кои половина се здравствени работници од општата болница. Министерството најави дека на пресот кој ќе го одржи министерот Венко Филипче во 16 часот ќе даде дополнителни инфорлмации за состојбата во болницата. 

Иако беше најавена прес конференција, до овој момент таа не се одржа, туку министерот Филипче информациите ги изнесе на својот профил на социјалните мрежи.