Home Живот Ова задолжително направете го кога се враќате дома за да се заштитите...

Ова задолжително направете го кога се враќате дома за да се заштитите од вирусот

Целосна дезинфекција никогаш не е возможна, но како што наведуваат лекарите, ние единствените сами можеме да се заштитиме во текот на епидемијата, доколку се придржуваме на одредени мерки.

Со преземање на овие заштитни мерки, би можеле ризикот од заразување да го сведеме на минимум. Еве кои се најчестите мерки кои ги препорачуваат лекарите:

Секогаш кога излегувате надвор од домот носете долги ракави, а на накитот заборавете, извадете сè од себе. Ако имате долга коса, најдобро е да ја соберете косата без премногу шноли во неа.

Покрај задолжителната маска и заштитни ракавици, носете и марамчиња во случај да треба да допрете некоја јавна површина, а потоа фрлете го контамираното марамче во затворена канта за отпадоци.

Исто така, би требало да носите дезинфекциони средства доколку надвор не сте во можност да ги измиете рацете или после плаќањето со пари.

Доколку имате домашно милениче, при негово изнесување на прошетка особено внимавајте тоа да не се трие од јавни површини. Одржувајте одалеченост од други луѓе, обидете се да не го допирате лицето додека сте надвор и додека не ги измиете рацете темелно. Доколку кашлате или кивате, тоа правете го во свиткан лакт, а не во отворена дланка без марамче.

Кога ќе се вратите дома, прво не допирајте ништо со рацете. Собујте ги чевлите, а горните делови од облеката ставете ги во пластична кеса и затворете ги.

За перење на алиштата користете врела вода, од барем 60 степени. Клучевите, паричникот, торбата и слично ставете ги во некоја кутија која ќе ја чувате на самиот влез од домот.

Ако сте го носеле вашиот домашен миленик надвор, тогаш кога ќе се вратите веднаш дезинфицирајте му ги шепичките во раствор кој ќе го оставите близу вратата пред да излезете.

Во препораките се наведува дека веднаш кога ќе се вратите треба да се истуширате, но ако не сте во можност, тогаш темелно измијте ги рацете со вода и сапун во времетраење од најмалку 20 секунди.

Исто така, добро измијте ги лицето и вратот. Дезинфицирајте ги со алкохол мобилниот телефон и очилата. Ако сте биле на пазарање или внесувате нешто од надвор, потребно е истите работи да ги исчистите со раствор од избелувач, пред да ги наредите во кујната или на рафтовите.

Лекарите советуваат дека раствор од избелувач се приготвува така што 20 мл избелувач (варикина) ќе растворите во 1 литар вода. Со оваа течност потоа можете да ги дезинфицирате предметите.

Останати совети за заштита од корона вирусот:

Да повториме  -Дезинфекција против корона вирусот: Со 20 секунди миење на рацете, со сигурен сапун со pH поголема од 9,5 или 60 до 70% процентен алкохол, 60 секунди;

Марамчињата за дезинфекција не се препорачливи. Тие може да се користат единствено за отворање и затворање на врати, доколку немате ракавици за еднократна употреба;

Сите соединенија базирани на хлор се ефикасни (варикината е помалку ефикасна од доместос); Персинска киселина исто така. Водород пероксид – непознат ефект и без препорака каква концентрација;

УВ светлина површини кои не ја опфаќаат кожата. Испрскајте ги вратите со 70% етанол; Пребришувајте по дома со раствор во кој ќе има Доместос. Маските може да се стерилизираат со пеглање ако дојде до целосен недостиг и не можат да се купат.

Обработи: И.П.