Home Вести Трамп: Тоа е многу убав гест на претседателот Владимир Путин

Трамп: Тоа е многу убав гест на претседателот Владимир Путин

Американскиот претседател Доналд Трам и се заблагодари на Русија за упатената медицинска опрема што ќе помогне во спасувањето животи на Американците пред налетот на пандемијата на коронавирусот, јавија американските медиуми.

Трамп овој потег го оцени како многу добар гест.

Тоа е многу убав гест на претседателот Владимир Путин. Кажав дека ќе ја прифатам неговата помош. Воопшто не ме загрижува Русија и пропагандата, ниту малку. Прифатив многу медицинска опрема од висок квалитет. Тоа може да спаси многу животи и секогаш би ја прифатил, изјави Трамп на прес конференција, зборувајќи за испораката на руската помош.

Во Њујорк вчера слета авион „А-124“ со медицинска опрема, што ја упати Русија. Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов претходно соопшти дека Русија испраќа опрема, средства за дезинфекција, очила, маски и респиратори.

Тој ја истакна неопходноста од меѓународна соработка во борбата против коронавирусот, бидејќи, како што кажа, ниту една земја не може самостојно да се избори со пандемијата

Рускиот претседател Владимир Путин соопшти денес дека месец април во Русија ќе биде неработен за да се сопре ширењето на пандемијата на коронавирусот, а платите за овој месец ќе бидат исплатени.

„Решив да го продолжам режимот на неработни денови заклучно со 30 април“, кажа тој во телевизиското обраќање, додавајќи дека „платите ќе се исплатат“.

Мерката која во Русија стапи на сила на 28 март „овозможи да се добие време“ но „епидемијата сѐ уште не го достигна врвот во светот, па ни во нашата земја“, истакна рускиот претседател.

Истакнувајќи дека епидемијата има различни размери во одделните делови на Русија, дел од кои се сѐ уште нечепнати, Путин кажа дека покраинските гувернери можат да одлучуваат за тоа кои претпријатија ќе работат и кој степен на изолација ќе воведат за своите граѓани.

„До крајот на неделата (покраинските гувернери) мора да утврдат посебен пакет превентивни мерки за своите региони, на здравствен, безбедносен, економски и инфраструктурен план“, кажа Путин.