Home Живот Вања Грбиќ: Благодарение на Корона научивме дека докторите вредат повеќе од Роналдо...

Вања Грбиќ: Благодарение на Корона научивме дека докторите вредат повеќе од Роналдо и Меси

Владимир “Вања” Грбиќ, роден на 14 декември 1970 година е поранешен српски одбојкар и еден од најдобрите во светот во овој спорт.

Со висина од 193 см, тој играл на позицијата како страничен додавач-напаѓач. Грбиќ е роден во Клек, Србија. Тој е брат на Никола Грбиќ, брат и член на Одбојкарската куќа на славните.

Со националниот одбојкарски тим на СР Југославија, тој го освоил златениот медал на Летните олиписки игри во Сиднеј и бронзениот медал на Летните олиписки игри во 1996 година во Атланта. Неговите меѓународни победи вклучуваат сребрен медал во 1998 година на Светското Првенство и златен медал во 2001 година на Европскиот Шампионат.

Југословенскиот Олимписки Комитет го прогласил Грбиќ за најдобар спортист на годината во 1996 и 2000 година,[1] додека во 1999 и 2000 година ја добил Златната Значка, награда за најдобар спортист во Југославија.

Неговиот статус на социјалните мрежи, предизвика огромно внимание во јавноста, бидејќи потсетува на некои сознанија, кои во овој период на изолација, на повеќето од нас, ни станаа јасни:

,,Превенцијата заштедува повеќе животи, отколку заздравување. Медицинските професионалци вредат повеќе од фудбалерите и пејачите. Европските луѓе не беа образовани како што изгледаа, а децата се најважни за природниот поредок.

Нафтата не вреди ништо, ако нема кој да ја купи. Ние луѓето сме вирус на планетата земја. Земјата закрепнува многу брзо кога сме сами или кога не нема.

Сега знаеме како им е на животните кои се во зоолошка градина. Политичарите сè уште ги штитат нивните интереси и немаат идеја што да прават. Многу повеќе пари треба да бидат насочени кон јавното здравство, наместо вооружување.

Најбогатите земји на запад, имаат најлошо јавно здравство, а поранешните и сегашните комунистички земји се најдобро подготвени.

Сите брендирани добра на кои потрошивме милиони, сега не вредат ништо. Семејствата се откриваат и се запознаваат, на крајот, најважно е со кого сте затворени дома. Повторно се откриваат старите вредности: Готвење, одгледување деца, сам свој господар…

Работата и кариерата не се единствената цел во животот. Државата зема од секого, а ретко на кого му враќа, само на некои. Семејството е основа на општеството.

Животот станува се потежок и потежок, сè што беше убаво во моето детство, веќе го нема.