Home Живот Марија го изневерувала мажот 5 години, без тој да знае: Сега во...

Марија го изневерувала мажот 5 години, без тој да знае: Сега во изолација нивниот брак вака функционира

Ако корона вирусот некому му донесе добро, тогаш, тоа е на оваа жена. Многумина беа затекнати со мерките за самоизолација во време на пандемијата со корона вирусот.

На интровертните луѓе кои многу не излегуваа од дома, многу работи не им се променија во животот, меѓутоа оние луѓе што поголемиот дел од денот го минуваа надвор од домот, оваа рестрикција им падна доста тешко.

Сепак, се чини дека најпогодени беа луѓето кои им беа неверни на своите сопружници, односно, оние кои си имале љубовник или љубовница.

Меѓутоа, присилното долговремено затворање во домот, за некои значеше просветлување, односно пронаоѓање на вистинските вредности.

Некои луѓе повторно се вратија во кујната, децата научија да готват, семејствата се зближија, а некои сфатија која е нивната вистинска љубов и се покајаа…

Дека вистинската љубов во време на пандемијата со корона вирусот доаѓа на виделина, тоа го покажа Марија, читателка од италијанското списание Corriere della Sera.

“Јас сум жена од 40 години, среќно мажена, верна партнерка со сигурна работа. Можеби ви се чини на идилична брачна приказна, но не е така.

Веќе пет години го изневерувам својот сопруг со двојно помлад маж. Вложувам голем напор за да се разубедам себеси дека она што го правам не е во ред, дека е грешка, и честопати се обидувам да се вратам на вистинскиот пат, но секогаш нешто ме враќа назад…и повторно и повторно грешам”, напишала Марија.

Свесна за своите грешки, веќе со години се обидувала да го прекине својот однос со љубовникот, кој би можел да и го уништи сè она што го градела со својот маж и децата, но тоа не и поаѓало од рака.

Но, корона вирусот успеал сè да промени. Марија сфатила што е всушност важно и вредно во нејзиниот живот, а тоа се нејзиниот сопруг и децата.

Затоа таа одлучно се определила да го напушти сè она што ја спречувало да оди по вистинскиот пат и сè она што ја искушувало да биде грешна.

“Овој вирус ме научи да ги ценам повеќе работите кое едно време од својот живот ги запоставував. Мојата петгодишна авантура беше голема грешка поради која сега се чувствувам грозно.

Веројатно не бев во состојба да ги сфатам и да ги видам со чист поглед правите вредности во мојот живот. Едноставно бев заслепена”, објаснува Марија.

Приказната на оваа жена навистина е доказ дека во несреќа се препознаваат вистинските вредности!