Home Живот Поради Корона ја изгубив работата – се грижам што ќе биде со...

Поради Корона ја изгубив работата – се грижам што ќе биде со мене утре

Насекаде во светот поради пандемијата голем број луѓе останаа без работа и без финансии, а исто така страдаа и голем број фирми. Последиците по економијата најпрецизно ќе се видат во текот на следната година, а особено ова лето.

Повеќе од милион работни места во Британија сега се испразнети. Светската епидемија со корона вирусот остави многумина, за жал, без извор на приходи.

Во целост ви ја пренесуваме исповедта на една Британка која помина токму низ оваа ситуација.

“Минатата недела ја изгубив мојата стална работа како јога инструкторка во малиот бизнис центар кој во текот на претходните 18 месеци се градеше од темел. Сега неговите врати се затворени, веројатно за последен пат.

Би сакала да имавме подолго време за подготвки, а оние од власта да реагираа побрзо. Знаев дека работите ќе се променат, но не очекував дека веднаш ќе ме отуштат од работа. Почнав ментално да се подготвувам за вестите за драстично намалувањето на работните часови или во најлош случај, план да се затвори сè, што би резултирало со губиток на на работата до крајот на месецот.

Повеќе од 200.000 луѓе кои работат дополнителни работи во слободно време и угостителството веќе се отуштени од средината на февруари, а се проценува дека повеќе од милион работни места во земјата сега се испразнети, како што оние во рестораните, пабовите и клубовите, театрите и фитнес студијата.

Тие работи беа доста важни. Не само за оние кои се потпираат на нив поради примањата, туку и на оние кои овие центри ги користат за социјализиација и одржување на добро ментално здравје.

Барем владата сега воведе мерки да ги поддржи претпријатијата со неповратни средства, заеми и намалување на каматите.

За жал, дојдоа малку предоцна за мојата фирма; времето беше единствената работа која не беше на наша страна. Во неделите кои претходеа на затворањето, моралот на персоналот беше висок и донесов одлука да не зборувам за корона вирусот, освен ако клиентите не ја започнат таа тема.

Ова не беше од незнаење или обид да се намали тежината на ситуацијата, само сакавме да бидеме место каде луѓето ќе можат да избегаат од стресот и паниката која се случува надвор од нашите ѕидови, па макар и на еден час.

На почетокот ретко се споменуваше корона вирусот. Кога ќе дојдеше до тоа, разговорот беше бездушен и често се завршуваше вака: “Биди присебен и продолжи” – фраза до која Британците се држеа низ сите светски војни, па и во потешкотиите кои ги имаа изминативе 80 години.

Меѓутоа, кога еднаш владата спомена самоизолација, почувствував како сè се менува. Значителен број од нашите клиенти се во ранливата старосна група и многу луѓе ни се обратија поради ублажување на хроничните здравствени проблеми. Тоа резултираше со нагло паѓање на посетеноста и приходите, речиси преку ноќ.

Почнав екстремно да ги штедам парите и да се одрекувам и да се одрекувам од сè и сешто, но веќе беше предоцна. Цело време ставав “маска на храбро лице”, одговарав на телефонски повици, мејлови и пораки, уверувајќи ги клиентите дека имаме намера да останеме отворени додека не нè присилат на спротивното.

Сепак, беше многу тешко да “глумам” дека не ја гледам пропаста која ни се спремаше. Кога ни беше соопштено дека центарот се затвора и дека сите остануваме без работа, реагирав мирно и се убедував да го убедам својот вознемирен шеф дека ќе бидам добро, а всушност немав време да сфатам што ме снајде мене всушност и дали можам да бидам добро.

Ги разбирам и сопствениците, и тие имаат големи загуби. Се надевам дека работата ќе продолжи кога ќе помине оваа пандемија. На луѓето ќе им биде потребна јога, повеќе од било кога досега.

Имам среќа дека имам сигурен кров над глава и поддршка од пријателите и семејството, но многу ми е тешко кога знам дека во паричникот немам пари ни за еден леб.

Се грижам што ќе биде утре со мене, но уште повеќе се грижам за мојата пријателка на која газдата не сака да и дода бесплатна станарина и за колешката која не може да бара нова работа, бидејќи нејзиниот син не може да оди во училиште. Сите останавме да се грижиме, некој помалку, некој повеќе.

На секому неговата мака му е најтешка и најголема.
Како и да е, не бевме подготвени, никој не можеше да очекува вакво нешто. Идеме понатаму. Ќе ги почитуваме правилата за да може ова што поскоро да заврши. И ќе се молиме никогаш да не се повтори”, напишала Британката.

Обработи: И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама