Home Естрада Халид Бешлиќ: Од пензија не можам да живеам, ама имам бензиска станица...

Халид Бешлиќ: Од пензија не можам да живеам, ама имам бензиска станица и мотел

Од пензијата сигурно не можам да живеам, ама за среќа материјално сум обезбеден. Мора подлабоко да се пикне раката во џеб и да се посегне по залихите, бидејќи немаме нови приходи – изјавил Бешлиќ.

Пејачот Халид Бешлиќ поради корона вирусот веќе со седмици престојува дома со својата сопруга Сејда. Халид го користи слободното време за да се одмори, а не планира никакви настапи додека ситуацијата не биде безбедна за тоа.

-Добро сум, здравјето ми е океј. Инаку, баш бев влезен во авион за Германија и фактички од него се вратив кога сето ова започна. Сам себеси си одредив изолација, бидејќи секако немам каде да одам и да сакам.

Во овие три – четири недели колку што ова трае, бев еднаш-двапати до банка и тоа е сè – вели пејачот за порталот “Вечерњи.ба”.

Бешлиќ раскажува како ги поминува деновите во самоизолација, и за тоа како моментната ситуација не го спречува во секојдневното, редовно вежбање.

-Читам книги, списанија и гледам телевизија. Возам статичен велосипед, правам по неколку склекови и тоа е сè. Лесно и ништо претерано, но морам да кажам дека велосипедот многу ми помага.

И, шетам по станот наваму-натаму. Сопругата се грижи околу ручекот и здравата исхрана, а децата и внуците се во Германија – раскажува Халид.

Пејачот истакнува дека од пензијата не може да се живее, но благодарение на бензиската станица и мотелот кои ги поседува, финансиски е обезбеден.

-Сега мора малку подлабоко да се завлече во џебот и да се посегне по залихите, бидејќи нови приходи немаме. Но, што е – тука е.

Имам пензија, но јас не можам од неа да живеам и тоа воопшто не го сфаќам како пензија. Имам бензиска станица и мотел и од друга страна сум материјално осигуран – вели Халид.

https://www.youtube.com/watch?v=G4mkHJsQoAQ