Home Естрада (ВИДЕО) Миа Костова за Бекстејџ јавно проговори за нејзините врски со жени

(ВИДЕО) Миа Костова за Бекстејџ јавно проговори за нејзините врски со жени

Синоќа на Инстаграм профилот на Бекстејџ гостинка беше водителката Миа Костова која цели десет години беше дел од тимот на најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин.

Миа најпрвин објасни дека тимот на Бекстејџ се’ уште го доживува како семејство и покрај тоа што веќе не се појавува на екранот.

Потоа русокосата зборуваше за врската со жена, за која на големо се шпекулираше, но Миа никогаш јавно не проговори за тоа… ама само до вчеравечер, кога „бившата“ од „Бекстејџ“ го „отвори картите“, па разголувајќи ја јавно душата, отворено обзнани и призна:

„Да, љубев жена, тоа е вистината… Претходно сакав мажи, но јас не се водам според тоа дали треба да љубам некој што е маж или жена, туку според тоа каков човек е“ – раскажа искрено Миа, пренесува Вистина.

Миа потоа го опиша и моментот кога нејзиното семејство дознало за нејзините афинитети кон истиот пол:

-Татко ми беше фрапиран, а мајка ми имаше само една реченица. Знаете, кога родител ќе се соочи со таква ситуавија има само две можности. Или да го ја прифати реалноста, или засекогаш да го изгуби своето дете!

Потоа Миа проговори и за моменталните шпекулации во нејзиното опкружување, дека таа во моментов е среќна и живее со нејзината нова девојка.

Миа на ова прашање од новинарот потврди дека Тијана, која е многу помлада од неа и ја вратила надежта во животот после пет години емотивна криза. Но таа исто така потенцираше дека во моментов јавноста треба толку да знае.

-Доколку имам да соопштам нешто важно во таа насока, ти Миро и вие ,,Бекстејџ”, ќе бидете првите кои тоа ќе го дознаете. Ќе те викнам да го снимиш настанот, му одговори Миа Костова на нејзиниот доскорешен колега Миро Кацарски.