Home Естрада Последните фотки на нашиот славеј Анета Молика се од Париз – таа...

Последните фотки на нашиот славеј Анета Молика се од Париз – таа мораше да ги откаже настапите како и останатите

Земјите од регионот, Европа но и светот полека здивнуваат од пандемијата. Кривата почна да се намалува и се појави светло во тунелот и надеж дека оваа аго нија ќе заврши.

Но крајот на здравствената криза, за жал, ќе биде почеток на долгата економска криза, која несомнено ќе продре во сите светски економии.

Сега се среќни оние професии кои можат да работат. Пејачите на пример, мораат да ја трошат својата заштеда, бидејќи тие се директно зависни од јавните настапи во живо, а таквите настани во моментов се целосно укинати насекаде во светот.

Она што ги плаши луѓето од естрадата е тоа што ваквата ситуација може да продолжи и по нормализирањето на ситуацијата со Ковид-19, бидејќи мерките за заштита и превенција од втор бран, несомнено ќе продолжат.

Дали и како ќе се организираат јавни собири, спортски настани, концерти и слично во иднина, останува да видиме. Во секој случај, ќе мора да има социјална дистанца.

Нашите пејачи исто така својата егзистенција ја вадеа од јавни настапи во земјата, но особено во странство. Денес го отворивме инстаграм профилот на нашата најпозната фолк пејачка, Анета Мицевска, попозната како Анета Молика.

Нејзини последни фотографии се некаде од јануари месец оваа година и тоа во градот на светлината, Париз. Анета сигурно има безброј откажани настани, впрочем како и останатите нејзини колеги.

Сега Анета и нејзиниот бенд, групата Молика, ги снимаат своите проби и ги прикачуваат на социјалните мрежи, па народот може бесплатно да ужива во гласот од славејот (како што ја нарекуваат), Анета.

Минатата пролет, Анета имаше настап на Гранд, а присутните во студиото и покрај малите екрани останаа занемени од прекрасната изведба на евергринот ,,Македонско девојче”!