Home Вести Свет Грчки инфектолог со најнови сознаниja за Корона вирус: Може да предизвика невролошки...

Грчки инфектолог со најнови сознаниja за Корона вирус: Може да предизвика невролошки промени

Буквално сите светски епидемиолози и инфектолози, предупредуваат дека за новиот Корона вирус скоро ништо и да не знаат.

-Вирусот е нов и јас и моите колеги од целиот свет сега секојдневно учиме за него. А учиме од неговото надгледување, како тој се однесува и што предизвикува кај пациентите кои се заразиле, изјави уште на почетокот од оваа криза, Македонскиот епидемиолог Проф. д-р Драган Даниловски.

Вирусот денес достигна неславен рекорд. Имено, денес беше регистриран милионитиот заразен пациент, во светски рамки. Позитивно е тоа што има сè повеќе излечени пациенти, а тие во овој момент се преку двесте илјади, но за жал, има и преку педесет илјади поч инати.

Претставник на грчкото Министерство за здравство на денешната конференција изнел нови сознанија за коронавирусот.

Коронавирус SARS-CoV-2 предизвикува невролошки оштетувања кај мал број пациенти кои развиваат потешка клиничка слика.

Грчкиот инфектолог, воедно и лидер на кризниот штаб, д-р Сотириос Циодрас, на денешната конференција изнел нови податоци до кои дошол со тим невролози од цел свет според кои околу 15 отсто од пациентите кои развиваат потешки симптоми, можат да имаат невролошки оштетувања предизвикани од Ковид-19.

„Освен веќе познатите симптоми – температура, кашлање и потешкотии во дишењето, одредени пациенти развиваат и дисфункција на менталниот капацитет, збунетост, летаргија, епилепсија, па дури и мозочен удар“, рекол Циодрас на своето редовно обраќање кон грчката јавност.

Како што објаснил, изгледа дека вирусот го погодува мозокот и нервниот систем кај дури 15 отсто од потешко болните пациенти.

Од претходно е познато дека вирусот може да го зафати мозокот и да предизвика негово воспаление, а проблемите со намалување на кислородот заради лошото дишење, може да влијаат на функцијата на мозокот.

„Слични случаи се забележани и кај пациентите кои оболеле од тешка форма на сезонски грип“, заклучил тој.