Home Вести Македонија Свештеник при МПЦ повика одговорните да се позанимаваат со Мирјана Најчевска

Свештеник при МПЦ повика одговорните да се позанимаваат со Мирјана Најчевска

Професорката Мирјана Најчевска, која е деклариран атеист и ги повикува своите фанови на социјалните мрежи да не и честитаат верски празници, пред некој ден на социјалните мрежи побара да се гонат свештениците, бидејќи давале причест со едно лажиче.

,,Секој свештеник кој ќе одржи обред во текот на полицискиот час, кој ќе дава причеста со една лажичка и ќе дозволува бакнување на икони, треба да биде кривично гонет врз основа на член 205 од Крив ичниот законик и да му биде изречена казна од 10 години затор.”

Остри осуди на ова барање од Најчевска стигнаа од сите страни, а особено резигнирани беа свештениците при МПЦ, на кои овој нејзин пост се однесуваше. Отец Бобан Митевски како одговор, побара од властите да се позанимаваат со Најчевска:

,,Па нели бевме секуларна држава. Па затоа се прашувам: Дали госпоѓава повикува на линч на правото за изразување на верата? Дали повикува да се забрани/укине слободата за вероисповед?

Дали МВР и Обвинителство ќе се позанимаваат со ова поттикнување ом раза и нетрпеливост кон тие што се определиле да веруваат и да ја изразуваат верата, односно дали ќе ја повикаат на одговорност по основа на член 8, 9, 10 од Закон за спречување и заштита од дискриминација.

Дали е оваа заштитарка толку гласна против сите објекти пред кои чекаме, во кои влегуваме за да добиеме услуги или се снабдиме со потребното?

Нели пречат парите што ги даваме од рака на рака, рече ли госпоѓава: на касиерот што ќе врати пари што ги зел од друг, казна по тој и тој член… или: ако некој фати продукт во маркет, а не го земе – да се казни по тој и тој член….

И, да: не ве повикувам со ова на гнев, на омраза, да ја сожалуваме, да се помолиме за неа, зашто заборавиле: “Савле, Савле, зошто Ме гониш? Зошто се риташ против бодилото?” (Дела 26, 14)”