Home Вести Македонија Љубчо распали по Героски: Ден Дончев го немам видено со години –...

Љубчо распали по Героски: Ден Дончев го немам видено со години – зошто и за Груевски не пишуваш дека е мој кадар?

Вчера директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев си поднесе оставка, а новинарите веднаш почнаа да анализираат за нејзините причини.

Новинарот Бранко Героски напиша поопширна анализа, во која наведува дека според него, Дончев бил кадар на Љубчо Георгиевски, иако познато е дека Дончев дојде како предлог на партијата на Љубе Бошкоски, Обединети за Македонија:

,,…Мојата теорија за потегот на Ден Дончев е малку поинаква. Јас мислам дека станува збор за добро пресметан и лукав потег на кадарот на Љубчо Георгиевски. Дончев со својата оставка упатува директна порака до Зоран Заев – друже, сега е време ти мене да ме браниш!

Ако Дончев замине во Австралија, товарот на одбраната од скандалот секако ќе падне на плеќите на Заев. Ден Дончев ќе биде „исчезнат“, нема да дава изјави, ќе биде комотен. Ако Дончев остане во Македонија, можеби ќе биде принуден да дава изјави (пред обвинител, пред судија, во јавноста), а тоа може да биде и уште полошо.

Во двете варијанти, Дончев со себе во скандалот ќе повлече други лица од државниот врв. Ви реков зошто, такви си се доказите, многу незгодни. Мислам дека овој потег на Дончев, всушност, е неговата закана, неговото подигање на влогот – паѓам јас, паѓате и вие ако не ме спасите…”

На ова денес реагира поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Љубчо Георгиевски:

,,Бранко Геровски да биде поинтересен напишал Ден Дончев, кадар на Георгиевски. Ден последен пат бил мој кадар на изборите 2006 и тогаш кога стана пратеник набрзо почна самостојно да се договара.

Со појавата на Обединети за Македонија и формално помина таму каде стана генерален секретар. Како што разбрав и таму по првите избори ги напуштил и заминал за Австралија.

Повторно се појави пред изборите 2016 и ни во една од партиите немаше расположение за него. Но ни беше наметнат од страна.

Потцртувам: Од повеке фактори од страна! Но тогаш сите бевме во коалиција против режимот, каде што беше и ти Branko Geroski.

Од изборите до пред еден месец очи му немам видено… Инаку по логиката на Геровски и секогаш кога пишува за Груевски може да додава „кадарот на Георгиевски“.”