Home Естрада (ВИДЕО) Миа Костова и другарка и Тијана објаснуваат што е тоа скопски...

(ВИДЕО) Миа Костова и другарка и Тијана објаснуваат што е тоа скопски фраер

Миа Костова поранешната водителка на „Бекстејџ“ не мирува дури ни во карантин, не престанува да изненадува со провокативни фотографии, необични случки, а сега и со своите актерско – нараторски способности во новиот серијал на своите профили на социјалните мрежи.

Имено, русокосата неодамна токму во својата бивша емисија, ТВ магазинот „од зад сцена“ – „Бекстејџ“, отоврено призна дека сака жени, па откри во кого е вљубена: „Не е важно дали љубиш маж или жена, туку каков човек!“

По ова храбро признание со кое ги шо кираше помалку упатените во нејзината приватност, Миа од карантинот дојде до нова идеја… Видео серијал во вид на куси играни скечеви на различни животни теми, однесувања, случки, настани, личности, карактери…

Како што таа храбро се држеше, носејќи се со се’ што до сега чаршиските и социјалните „кулоари“ (о)зборуваа за неа, така сега и вие „Држ’ те се…“ и тоа добро. Имено така, се вика споменатиот нов серијал на Инстаграм, кој Миа го најавува со првата епизода од него, насловена како… „Фраер… скопски фраер“!

„Цел живот сме во Скопје и ден денес тврдиме дека без нив ништо не е исто. Прво видео од серијалот ‘ Држ’ те се’ … секоја случајност е (не)намерна…“ – напишала мама Миа во најавата на видеото кое навистина мошне пластично и сликовито ќе ви долови како тоа изгледа фраер… скопски фраер…

Во очите на Миа Костова и нејзината пријателка, а веројатно и во перцепцијата на сите нас!

Погледнете, изнасмејте се, расположете се, уживајте и секако… „Држ’ те се“… Зашто, можеби токму Вие утре ќе се најдете кај Миа на дневен ред!

Скопски фраер … прва од серијаот ‘Држ те се!’ Tijana Skulic

Публикувахте от Миа Костова в Неделя, 3 май 2020 г.

Извор: Вистина