Home Естрада (ФОТО) Елена Велевска: Луѓето кога ме гледаат мене, ги гледаат своите непристојни...

(ФОТО) Елена Велевска: Луѓето кога ме гледаат мене, ги гледаат своите непристојни мисли

Елена Велевска е една од најпознатите фолк пејачки во нашата држава, која постојано ја бранува јавноста со пикантерии од нејзиниот живот. Тоа впрочем во светот на познатите не е ништо непознато.

Најчитаната и најсподелувана тема на социјалните мрежи нејзиниот развод со сопругот, па потоа смирувањето, па потоа повторната разделба, после која Елена изјави дека ова е дефинитивно крај и замоли веќе да не се зборува за тоа.

Неодамна во естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Елена Велевска сподели дека има проблем со евтината роба на естрадата или како што вели оние што преку ноќ стакаат бидат пејачи.

-Во последно време морам да бидам директна и да кажам што се ми се случуваше. Пример сакаат да им пеам на свадбена прослава и веднаш колешките се фаќаат за мојот хониорар и кога ќе сакаат на пример да виканат некој од српската естрада да биде на истата таа прослава, јас немам комплекс колку е тој договорен.

Јас си зборувам за себе, хонорарот мој е за себе, мене не ми текнало преку ноќ за хонорарот мој, низ годините колку што вложувам, толку и барам да ми е исплатливо ова.

Е сега има колешки кои што вчера почнале и сакаат со една одредена точка да бидат дел од самата таа прослава и веднаш јас имам проблем со оние кои што ме договараат на свадба и тоа баш со тие поевтината роба.

Ама оваа се буни зошто твојот хонорар е толку, сака и нејзиниот да е толку, а со кое право се буни таа?, завршува пејачката споделувајќи го проблемот што ја мачи на професионален план, а оние кому беше упатена изјавата, веројатно самите ќе се пронајдат.

Елена Велевска вчера на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографија од својата спална соба и прокоментира:

Луѓетo имаат лоша навика. Ме гледаат, а јас сум за нив некој вид огледало, наместо личност. Всушност, не ме гледаат мене, ги гледаат своите непристојни мисли, а потоа се извлекуваат нарекувајќи ме мене непристојна.